Спорт

Хорошилов стигна до својата прва победа во Светскиот куп

Хорошилов стигна до својата прва победа во Светскиот куп

Александар Хорошилов е сензационален победник на ноќната слаломска трка во Шладминг.

Ова е негова прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, а и прва победа за некој руски натпреварувач во оваа дисциплина уште од 1981 година.

Хорошилов ја заврши трката со резултат 1:46.39 минути и беше побрз од Стефано Грос од Италија и Феликс Нојројтер од Германија кои сепак обезбедија место на победничкиот пиедестал.

Иако Австриецот Марсел Хиршер го освои само 14-то место, останува лидер во генералниот пласман.