Магазин

Хороскоп

Хороскоп

Овен

Работа: Можеби нема да се сложите со изборите кои ги прават вашите соработници, но воздржете се од претеран коментар. Времето ќе каже кој е во право. Насочете се кон плановите кои ви се важни.

Љубов: Не сте сигурни што би ви годело. Со тоа можете да се блокирате. На слободните ќе им се додворува личност со пријатен изглед. Зафатените припадници на знакот повеќе се занимаваат самите со себе. И тоа не е лошо – партнерот сам ќе побара да поминете повеќе време заедно.

Здравје: Добро.

Бик

Рабаота: За оние кои работат денеска е успешен ден. Вашите амбиции се зголемуваат а тоа го следат и извесни среќни околности. Поволностите се врзани за помлади лица и оние кои често патуваат.

Љубов: Ова ќе биде интересен ден за оние кои ќе одлучат да отпатуваат некаде или да излезат на некое место каде што досега не биле. Некој ќе ве привлече со својата приказна. Зафатените очекуваат подобрување во комуникацијата. Правете заеднички планови, но полека.

Здравје:Добро.

Близнаци

Работа: Денеска треба да се занимавате со работи кои порано сте ги почнале. Може да изработите идеја и добро да профитирате. Потпрете се на постари и поискусни соработници. Само не бидете импулсивни.

Љубов: Премногу мислите на минатото. Сакате нешто да расчистите за да симнете некој товар. За многумина тоа ќе биде можно денеска. Може да ви се јави некој од минатото или некој случајно ќе сретнете. Зафатените сакаат да разговараат за нешто што ги потиштува веќе извесно време. Само без претерани драми и се’ ќе биде во ред.

Здравје: Стомакот ви е слаба точка.

Рак

Работа: На вашата инспирација и нема крај. Можете да смислите добар начин да заработите или ќе бидете инспирација на некој од вашето опкружување да напраи такво нешто. Секако се наоѓате во победничкиот тим.

Љубов: Сакате некакво освежување. Зафатените би требало да го поттикнат партнерот. Слободните денеска ќе бираат. Само треба да се опуштите  и да се препуштите на својата интуиција. Ве очекува возбудлива вечер

Здравје: Можни се болки во половината.

Лав

Работа: Замислени  сте и склони кон фантазирање. Внимавајте бидејќи некој може да го искористи моментот на вашето невнимание. Најмногу би ви годело денеска да го смените опкружувањето. Непотребно се грижите за некои работи.

Љубов: Емотивниот дел станува се’ поинтересен. Во случај да сте запознале некој неодамна, денеска тој однос ќе се развие понатаму. Тие кои и понатаму се слободни може да запознаат некој со уметнички афинитети. Зафатените припадници на знакот пријатно ќе го изненадат партнерот.

Здраве: Добро.

Девица

Работа: Успорете и преиспитајте некои работни активности за следниот период. Сетете се на лицата кои можат да ви помогнат во осмислување на проекти. Не морате се’ сами.

Љубов: Полека излегувате од некој маѓепсан круг. Се прашувате колку пати некој ќе ве разочара. Тешко дека веднаш ќе појдете понатаму, но секако во текот на вечерта ве очекуваат интересни флертови. Зафатените ги очекува помалку досаден ден.

Здравје: Посветете малку внимание на тоа што јадете.

Вага

Работа: Секој кој ви бара совет ќе има среќа. Мозокот непогрешно ви работи. Но, не сте сигурни што да правите со некој ваш проблем. Потребно е да помине уште малку време за да се расчисти ситуацијата и вие да направите некоја промена која ја посакувате.

Љубов: Имате чувство дека сте на крстосница. И сте. Нема многу да ви помогнат советите од други, за тоа потпрете се на својата интуиција.

Здравје: Добро.

Шкорпија

Работа: Денеска е одличен ден за работни договори или некое разјаснување.Може ќе запознаете некој кој би ви бил од корист. Вашиот практичен дел од личноста денеска ќе биде нагласен.

Љубов: Посакувате личност со силен карактер, но сфаќате дека тоа не би можеле да го „издржите“. Сепак, следуваат пријатни изненадувања во случај да излезете. Зафатените може да имаат некој конфликт со партнерот во тек на денот.

Здравје: Рбетниот столб ви е слаба точка.

Стрелец

Работа: Разработувате некоја веќе постоечка идеја. Не мора се’ да правите на потежок начин. Сетете се на некоја приказна или претходно искуство за да се поместите од мртвата точка.

Љубов: Слободните веројатно мислат на некој кој е од руго место или е на некој пат. Ви следува интересно изненадување во текот на вечерта. Можни се интересни познанства и тоа не далеку од дома. Зафатените можат да сметаат на хармоничен ден.

Здраве: Внимавајте на настинка.

Јарец

Работа: Препуштете ја интуицијата да ве води. Многу работи може нема да ви бидат јасни – поради што мислите на ова или она. Во следните денови ќе видите зошто. Очекувајте поддршка од една помлада личност.

Љубов: Само прашање е дали некој го одржува вашето внимание или не. Во случај да останете заинтересирани за некој, со една директна порака или коментар, ситуацијата се менува. Зафатените може да сметаат на хармоничен ден . Можете да му помогнете на партнерот со некој совет или разговор.

Здравје: Добро.

Водолија

Работа: Имате одлична комуникација со лицата од спротивен пол. Тоа можете да го искористите за работа во неформални разговори. До вас ќе стигнат некои интересни информации.

Љубов: Личноста која го привлекува вашето внимание е со различен статус или постои голема разлика во годините. Може да сметате на интересни искуства, но сепак со ограничени емоции. Зафатените нешто посакуваат, а и ви треба повеќе внимание од партнерот .

Здравје: Стомакот ви е слаба точка.

Риби

Работа:  Денеска склопете некои коцки и ставете точка на нешто. Ќе сфатите кој ве манипулира  и поради што. Ќе поврзете извесни приказни или озборување. Ви следуваат среќни околноси на почетокот на следната недела.

Љубов:  Се потсетувате на некои изминати периоди и посакувате нешто. Треба самите да се потрудите тоа нешто да го привлечете. Нема причина за песимизам. Зафатените ќе го критикуваат партнерот и тоа со право.

Здравје: Добро.