Хороскоп

ОВЕН

Работа: Денска ќе ви се отворат среќни околности поврзани со странство или странци. Што подалеку, тоа поповолно за вас. Не се наслонувајте на соработниците дека ќе завршат некој ваш дел од работата.
Љубов: Комуникацијата со саканата личност се поправа. И тоа вам многу ќе ви годи. Слободните ги очекува излив на емоции за некој што го познавате. Двосмислените зборови се присутни, поведете сметка.
Здравје: Добро.

БИК

Работа: Вашата самостојност денеска е во прв план. Немојте тоа да биде по секоја цена. Нема да трпите критики и наметнување на другите. Но, сепак, поведете сметка за одностот со авторитетите.
Љубов:Емотивниот дел денеска ви е интересен. Наслонете се на интуицијата и опуштете се. На дело се вашите стравови, не интуицијата.
Здравје: Добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не ви е баш најдобар ден за контакти со авторитети. Важните работи оставете ги за следната недела. Денеска извршете некои секојдневни обврски и ништо повеќе од тоа . Има време за новости.
Љубов: Треба да расчистите со некои емоции од минатото, бидејќи тие може да ве кочат во нешто ново. Слободните како да не забележуваат дека некој од спротивниот пол се интересира за нив. Замислени сте. Зафатените се во подобра положба и уживаат во вниманието на саканата личност.
Здравје: Лоша циркулација

РАК

Работа: Вашите емоции денеска се истакнати. Нема да трпите некој што не ви е симпатичен. Поради тоа, работата може да трпи. Но, секако ќе привлечете некои позитивни луѓе и интересни приказни.
Љубов: Ви годи нечие внимание и понатаму не сте сигурни што сакате. Не треба да се потпирате на пријателите за да донесете таква одлука. Дајте си себе си уште време и слушајте ја својата интуиција. За зафатените припадници на знакот, можно е разделување од партнерот. Веројатно поради обврски или некој пат..
Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Денот е одличен за деловни договори или за некое разјаснување. Можеби ќе запознаете некој кој би ви бил од голема корист. Вашиот практичен дел од личноста денеска ќе ви биде нагласен.
Љубов: Денеска имате потреба да го заштитите партнерот. Разговорите кои во изминатиот период не биле продуктивни, сега ќе дадат резултат. Слободните можат да обноват некој контакт од минатото. Страстите се силни.
Здравје: Добро.

ДЕВИЦА

Работа: Премногу размислувате за работи кои поминале. Оставете ги зад себе и тргнете напред. Размислувате како некој да го заобиколите во некој проект. И тоа е возможно само трпеливо.
Љубов: Посакувате некоја личност со силен карактер но сфаќате дека тоа баш и не би можеле да го издржите во моментот. Зафатените би можеле да имаат некој конфликт со партнерот. Брзо ќе го решите.
Здравје: Добро.

ВАГА

Работа:Денеска ќе склопите некои оцки и ќе ставите точка на нешто. Ќе сфатите кој ве манипулира и зошто. Ќе поврзете некои разговори или гласини.Среќни околности ви следуваат во текот на следната недела.
Љубов: Се присетувате на некои изминати периоди и посакувате нешто. Треба и самите да се потрудите тоа нешто да го привлечете. Нема причина за песимизам. Зафатените ќе го критикуваат партнерот поради една работа. Имате право но не треба да бидете театрални во моментот кога ќе почне разговорот за тоа.
Здравје: Чувствителни ви се белите дробови.

ШКОРПИЈА

Работа: Имате насмевка на лицетои ги плените лицата кои се околу вас. Потребна ви е помош деловните работи да ги доведете во ред. Денеска разработете некоја идеја.
Љубов: Слободните веројатно мислат на некој кој е од друго место или е на некој пат. Ви следува интересно изненадување во текот на вечерта. Зафатените припадници можат да сметаат на хармоничен ден. Евентуалните расправии се поврзани со деца бидејќи тука сакате нешто да попуштите.
Здравје: Осцилација на крвниот притисок.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате одлична комункација со спротивниот пол. Тоа можете деловно да го искористите во некој неформален разговор. До вас ќе стигнат некои интересни информации.
Љубов: Емотивниот дел ви е малку несреден. Сакате да се опуштите а да не се препуштите. Ќе го анализирате потенцијалниот партнер. За оние кои се во брак- следува пријатно друштво и интересни разговори. Опуштете се!
Здравје: Добро.

ЈАРЕЦ

Работа: Посветете се на активностите кои сте ги запоставиле во текот на претходната недела. Во случај да планирате нешто ново, добро вооружете се со сите потребни информации. Шефовите на работа можат да ве сфатат како ривал или нема да се согласувате во некои ставови.
Љубов: Слободните немаат потреба да влегуваат во емотивна врска. Чувствувате недостиг на енергија и сакате да се насочите кон некои лични цели. Кај зафатените e можно разочарување или расправија во попладневните часови.
Здравје: Минлива расправија.

ВОДОЛИЈА

Работа: Денеска може да сметате на низа среќи околности. Совет е да планирате како долгорочо да ги искористите своите моментали ресурси. Прифатете совет или поддршка од лицата родени во воздушен знак.
Љубов: Почнувате да се загревате. Слобоите припадници на знакот конечно ќе забележат некој во своето опкружување. Понатамошните контакти ќе станат се поинтересни. Зафатените може да сметаат на поддршка од партнерот околу една работа која е важна за вас.
Здравје: Добро.

РИБИ

Работа:Конечно почнуваат да се развиваат извесни работи од кои сте сакале да кренете рака. Само полека. Слободно повторете неколку пати што ви треба или прашајте се што се очекуа од вас.
Љубов: Емотивниот дел е денеска нешто напорен. Ако ви се појави некој, а сте слободни, тоа ќе биде личност со тежок карактер. Зафатените припадници на овој знак очекуваат интерсна средба. Возможна е тајна врска.
Здравје: Добро.