Магазин

Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Работа: Имате можност да напредувате во работата или да ги стабилизирате своите финансии. И понатаму треба да водите сметка за односот со соработниците кој е нестабилен . Може да се сретнете со нечија љубомора, но не треба да реагирате на одредени провокации. Имате поддршка од луѓе кои се на позиција, па искоритете го тоа поволно влијание.
Љубов: Ве следи чувство дека треба да се борите за партнерот да ви се посвети. Несогласувањата за извесни прашања се нагласени, но не влегувајте во расправии. Треба само да ги слушнете аргументите и самите да донесете одлука. Слобдните ќе запознаат некој.
Здравје: Добро.

БИК

Работа: Ви се отовраат некои нови можности кога е во прашање работата. Сепак, моменталната положба на планетите укажува на тоа дека би требало да бидете внимателни во некои нови вложувања. Не е време за импулсивни реакциии големи промени. Избегнувајте расправија со соработниците на работа бидејќи нема да биде продуктивно.
Љубов: Не сте задоволни од моменталните емотивни случувања. Склони сте да го критикувае партнерот околу разни ситници, но веројатно и партнерот ве критикува вас. Не сте сигурни како да го реализирате тоа што сте го замислиле. Нема да ви биде пријатно влегувањето во врска која е какви било ограничувања.
Здравје: Намалете го стресот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денеска може да прецените некои свои можности. Сакате промена. Веројатно само околностите во моментот се комплицирани. Ви треба поддршка во овој момент.
Љубов: На емотивен план исто така чувствувате одредени тешкотии. Треба да решите некои проблеми од минатото и повторно да фатите правец. За слободните е можно обновување на врска. Може да се случи интересно познанство со некој кој се занимава со приватен бизнис.
Здравје: Добро.

РАК

Рабта: Се уште не можете на дело да го спроведете тоа што сте го замислиле. Ви треба поддршка или совет од  соработник. Во тоа може да ви ја ограничи желбата да бидете самостојни по секоја цена. Не влегувајте во непотребни ризици, особено за да се докажете. Вашето време допрва доаѓа, бидете трпеливи.
Љубов: Каде и да се најдете, едноставно го привлекувате вниманието. Покрај тоа, се соочувате со разни коментари, можеби дури и директни мешања. Треба да ги решавате работите една по една. Ќе се обидувате да ја освоите личноста која неодамна сте ја забележале. Кај многумина постои недоумица помеѓу барем две личности кои спонтано се вклучуваат во вашето секојдневие.
Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Работните околности се подобруваат од ден на ден. Ова е добар период да почнете приватен бизнис или за работи од кои може добро да заработите. Треба прецизно да дефинирате што сакате и условите за работа. Не дозволувајте некој да ве лаже и да ви кажува празни зборови. Интуицијата и понатаму ви работи непогрешливо.
Љубов: И понатаму сте посакуван и добар дипломат. Со своите манири ќе го маѓепсате секој кој ви е во домен. Сепак, може да ве оптовари чувство на празнина и желба да се повлечете. Без оглед на се, ве очекува метеж. Дали ќе го искористите тоа или не, зависи од вас. Не го мешајте емотивниот дел и пријателството.
Здравје: Добро.

ДЕВИЦА

Работа: Уживате во друшто на амбициозни луѓе или истомисленици. Полека ќе се материјализира некој проект на кој работите. Но, бидете внимателни во некои нови вложувања. Избегнувајте расправии и насочете се во тоа што го сакате. Нема да попуштите пред притисокот, не не бидтете своеглави по секоја цена. Некој ве смета за конкуренција.
Љубов: На емотивен план треба да се опуштите. Вашата доминантна природа е на прв план, а тоа нема добро да се одрази на вашиот однос со саканата личност или со потенцијалниот партнер. Имате потреба да се ослободите од некои стеги, но внимаајте.
Здравје : Добро.

ВАГА

Работа: Се наоѓате во некоја чудна фаза. Вашата самоконтрола и аналитичност како да потфрлаат. Ова е идеално време да одите на одмор. Повеќето нема да бидат неорганизирани, ќе прават почетнички грешки, ќе губат документи. Не влегувајте во некои нови авантури. Другите се склони да ги извртуваат вашите зборови.
Љубов: Интересни емотивни средби се врзани за некое патување, така што време е да се придружите. Со посредство на пријател може да запознаете некој кој ќе ве заинтересира.
Здравје: Пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска тешко се придвижувате. Треба да ги исполните своите амбиции и да се претставите себе си. Имате шанса за некои нови интересни работни соработки, не отфрлајте ги сите. Имајте малку самодоверба и многу брзо ќе ги видите ефектите од своето ангажирање.
Љубов: Во емотивните води имате потреба да направите извесен компромис. Може ќе ви се отвори некој што го познавате извесно време.Зафатените можно е да имаат некои несогласувања. Битно е да знаете што сакате.
Здраве: Внимавајте на респираторните органи.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ова е ден во кој се чувствувате како да имате крилја и се е возможно. Ви следи период на промени. Може ќе ви се понуди хонорарна работа, прифатете ја.
Сакате да го смените работното место- придвижете се и успехот набргу ќе стигне . Не бидете брзоплети и испочитувајте ги луѓето кои се авторитети. Ви се насмевнува среќа, опуштете се.
Љубов: Либидото ви е сино. А, повторно не сте сигурни што или кого сакате. Веќе извесно време се наоѓате во однос кој што треба да го издефинирате. Може да запознаете некој на улица или на јавно место. Кај зафатените, можно е да се јави љубомора кај партнерот. Ускладете ги обврските и посветете се повеќе на саканата личност
Здравје: Болки во кичмата.

ЈАРЕЦ

Работа: Вашите напори ќе бидат забележани. Идеите кои сте ги спроведувале ќе му се допаднат на некој што е на позиција. Ако сакате промена или унапредување, сега потрудете се. Верувајте во себе.
Љубов: Ви се враќа надеж кога е во прашање љубовта. На слободните им следи интересна средба со личност која е мистериозна. Зафатените сфаќаат дека постои проблем во комуникација со саканата личност. Ќе дојде до позитивни промени – искрен разговор решава се.
Здравје: Исцрпени се.

ВОДОЛИЈА

Работа: Идеите кои сте ги имате во претходниот период сега стануваат остварливи. Прилагодете се на некои новонастанати околности. Водете сметка како трошите пари.
Љубов: На емотивен план ве оптоаруваат извесни сомнежи, особено кај зафатените припадници на знакот. Ќе бидете отоврени во комуникацијата, па тоа ќе ви донесе извесно олеснување. Можно е емотивно да се отворите кон личност која веќе ја познавате.
Здраве: Добро

РИБИ

Работа: Своето незадоволство може да го претворите во добар движечки мотив. Парите ви доаѓаат од две страни или ви се отвора можност за дополнителна заработка. Постојат работи кои не сакате да ги работите, па во тоа ќе ви помогнат соработниците. Не размислувајте за работи кои сте ги оставиле зад себе.
Љубов: На емотивен план може да ви привлече внимание некој кој е зрел и со слични интересирања. Сепак, внимавајте, можеби се работи за зафатена личност. За зафатените, ова е ден во кој секој ќе се сврти на своја страна.
Здравје: Можни се проблеми со кичмата.