ХОРОСКОП

ОВЕН

Сте презеле голем товар на себе и сте направиле голем чекор напред во многу краток период. Сега ве мачат некои недоумици што ви ја одземаат целата енергја. Кога малку ќе ги погеднете своите постапки, секако дека имало грешки, но не треба да се јадосувате поради тоа. Исправете што можете, а останатото пуштете го.

БИК

Најверојатно денот ќе го поминете во мисли за љубовта. Веројатно сте првлечени со некои моменти од едно прјателство за кое мслите дека би можело да биде нешто повеќе. Не сте сгурни што да и’ кажете на таа лчност. Денеска е добар ден за носење одлука во врска со љубовта.

БЛИЗНАЦИ

Денеска повеќе од кога било ќе сакате да избегате од секојдневната рутина. Сакате нови искуства, случувања  да сретнете нови луѓе, но за да го добиете тоа ќе мора да занемарите некои семејни обврски. Пред да се замерте со некој од семејството обидете се да ја искористите својата бујна фантазија.

РАК

Конечно се’ е така како што би сакале да биде. Помалите проблеми кои ве мачеле во последно време веќе не ви претствуваат пречка. Само не претерувајте во задоволувањата на своите потреби. Бидете скромни, бидејќи иако е ова поволен ден за вас, секогаш може да се расипе.

ЛАВ

Денеска би можеле да се чувствувате малку полошо од вообичаено. Емотивнте пресврти  кои ви се случија изминатиот период веројатно ве исцрпеле. Сега треба да ја вратите својата сила. Не се грижете за својата иднина, бидејќи тоа ви ја црпе и таа мала енергија што ви преостанала. Денеска треба да се одоморите и да уживате во себе.

ДЕВИЦА

Иако се чувствувате добро, постои одредена тензија која ве прави нервозни. Можеби сте се скарале со некој?  Вашата самодоверба би требало да биде силна, па немојте да дозволите тоа да влијае негативно на вас. Изразете го своето мислење, но настојувајте да бидете нежни и смирени, барем кога станува збор за семејството.

ВАГА

Се чини дека вашата емотивна страна е во конфликт со некои ваши дела. Го работите тоа што сте го зацртале, но вашето срце не е задволно со тоа. Не прашувајте зошто. Во последно време премногу сте работеле и размисувале. Време е малку да се повечете и да се одморите.

ШКОРПИЈА

Се чини дека претерано ги трошите своите финансии. Ќе мора да направите поголем ребаланс за да имате решение на сите прашања пред да тргнете во нов поход на трошење пари. Во спротивно ќе бидете само исфрустрирани. Се чини дека сте го изгубиле контактот со себе си. Пронајдете рамнотежа во себе па надворешните ситници нема да ви пречат.

СТРЕЛЕЦ

Во последно време сте прилично мирни и сега едвај чекате некоја нова акција. Тој момент е пред вас. Имате желба, идеја  подготвен план. Ви останува уште време да соберете малку сила за да можете се’ што сте замислиле да исполните . Одморете добро и тргнете со полна пареа напред!

ЈАРЕЦ

Ако сте изморени и нервозни, тоа е нормано. Во послено време прилчно сте се исцрпеле учејќи или работејќи. Немојте да мислите дека ова темпо ќе може да го задржите уште многу долго. На пат сте сериозно да се разболете. Ако се случи тоа ќе бидете само уште понеревозн. Подобро е да ја оставите работата барем на еден ден и добро да се одморите.

ВОДОЛИЈА

Би било добро денеска да го свртите погледот на друга страна. Ова никогаш не ви паѓало лесно, но заради вашиот мир, денеска вратете се  неколку чекори назад, исчистете ги мислите од се’. Ќе ви стане јасно дека е тоа најдобро нешто што сте можеле да го направите за себе во една непријатна ситуаија.

РИБИ

Денеска е одличен ден да се ослободите од врската која ве мачи и која веќе нема смисла. Прекинувањето никогаш не е лесно, но направете го тоа! Не сакате никој да повредите, но нема смисла вие да страдате и да не се обидете да го извадите трнот кој ве боде. На крајот, само вие страдате. Кажете се’ што ви е на срце и храбро во нови победи.