ХОРОСКОП

Овен

Денеска ништо од големата љубовна средба. Вашите романтични мисли и желби би можеле да ве однесат само во фрустрација и во тага. Се чини дека денешниот ден ви е пререалистичен за да можете да фантазирате. Подобро да се посветите на финансиите. Пренасочете ја енергијата на тоа подрачје, каде што е потребна итна реорганизација.

Бик

Се чини дека една средба со одредена личност фрлила сенка на вашите планови. Се чувстввате дека е најдобро од се’ да се решите. Денеска размислете за тоа. Можеби работата сепак вреди труд, можеби не, нема да знаете додека не си ги средите мислите.

Близнаци

Рамнотежата и мирот што сте го воспоставиле последните неколку дена, денеска би можеле да бидат нарушени. Вашите потреби нема да се согласуваат со потребите на вашите драги, па би можеле да чувствувате немир. Повеќе ќе размислувате за иднината што ќе ве направи помалку несигурни. Денеска немојте премногу да се препуштате на емоциите.

Рак

Со оглед на тоа дека сте многу чувствителна личност  и се грижите за сите околу вас, денешната енергија би можела да би биде напорна. Ќе ви биде тешко да се мешкате и да остварите рамнотежа помеѓу толку нерасположени лица. Дури и најблиските би можеле да се расправаат. Бидете подготвени да се сокриете на време, бидејќи и околу вас ќе паѓаат камења.

Лав

Денеска ќе бидете расположени за ситни задоволства и мазење. Кариерата и работата ќе биде на многу ниско место од вашата листа на приоритети. Слободно опуштете се и уживајте еден ден во своето кралство. Ако можете прошетајте во природа.

Девица

Последните неколку денови сте многу среќни во поглед на финансии и материјални работи. Денешниот ден ќе биде исклучок. Денеска не купувајте ништо, особено не позајмувајте пари. Постои голема веројатност да згрешите, па подобро бидете трпеливи уште неколку дена и се’ ќе биде во ред.

Вага

Вашиот начин на однесување при прва средба најчесто им пречи на другите. Не обидувајте се веднаш да ги учите другите за своите животни мудрости без оглед колку тие вам ви изгледаат добро. Дајте малку време првите впечатоци да се смират и другата страна да дојде до збор, па разговорот ќе помине нормално

Шкорпија

Вашата животна филозофија ви доаѓа многу природно. Додека другите анализираат, бараат стручни мислења и слично, вие се вртите кон своето искуство. Денеска обидете се да најдете средина. Малку проширете ја својата филозофија и прифатете туѓо искуство.

Стрелец

Не е работата во вашите захтевни проекти, туку во вашето претерано детализирање. Мислите дека со деталите ќе имате појасна слика на се’ што се случува, но тоа едноставно не е така. Мора да направите разлика  помеѓу долгорочните и краткорочните цели. Тие не се еднакви и така треба да ги прифатите.

Јарец

Ова е одличен ден за решавање на стари работи и верувања и прифаќање на нови. Многу работи се смениле во вашиот живот, па за некои застарени размилсувања, едноставно нема веќе место. Оставете го минатото таму каде што му е местото. Не ви треба веќе. Можеби ќе шокирате некои други луќе, но ќе се опоравите!

Водолија

Ако не сте внмателни и не гледате што се случува околу вас , минатото би можело да ви донесе лошо расположение. Не се вртете за тоа што поминало, па дури и да не знаете што понатаму.  За вас е само чекор напред, колку тоа да ви се чини тешко денеска.

Риби

Денеска е моментот кога може да и кажете ДА на својата судбина. Малку сте фрутрирани што работите не се одвиваат на начин на кој што сте замислиле. Конечно, сега ви се отвораат можности , но премногу сте исплашени за да им се посветите. Не дозволувајте стравот да ве спречи во тоа што е важно за вас.