среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 23

Хороскоп: На биковите парите сами им се лепат, лавовите трошат, јарците брзо се збогатуваат

Oткријте какви се луѓето со парите според нивниот хороскопски знак.

pari

Последни вести

Некој сака многу да троши, некој штеди за црни денови, трети пак разумно располагаат со буџетот, други пак и не се грижат за финансиите – откријте какви се луѓето со парите според нивниот хороскопски знак.

Овенот заработува пари, но во склад со тоа, вложува големи напори за да ги оствари своите материјални цели. Силата на неговиот карактер мора да биде употребена на нешто продуктивно во бизнисот или професијата со која се занимава за да постигне материјален успех.Неговиот став кон трошењето пари понекогаш е мошне детинест и несозреан. Парите ги троши за сопствени задоволства, сака да се покажува и да вози скапи автомобили и да носи скапа гардероба. Гламурозно троши пари и на подароци. И кога нема пари остава впечаток дека има.

 Бикот е знак на благосостојба и поради тоа има среќа со парите. Како по правило, скоро секогаш добива наследство или има некои други привилегии – преку подароци или значителни суми кои ги добива од роднините. Но и покрај тоа, како вреден работник, Бикот во текот на животот успева да заштеди голема количина на пари. Никогаш не би дозволил да остане без ниту еден денар и секогаш е спремен да ги “засука” ракавите за да ги исполни своите високо поставени цели. Понекогаш како паничен штедач размислува како да заштеди, но бидејќи сака луксуз, скапа гардероба, патувања и добра храна, извесен дел ќе потроши. Но бидејќи парите како лепак се лепат за неговите прсти тој секогаш ќе има.

Помалку безличниот ум на Близнаците умее да биде клуч на успехот кога станува збор за пари. Иако не спаѓаат во “материјалните” знаци, Близнаците се талентирани и сестрани и со својата интелигенција може да постигне голем материјален успех. Секогаш се снаоѓа, но повеќе тоа е заслуга и на луѓето околу него кои му помагаат – партнерката, родителите или роднините. Умее да троши пари на непотребни работи поради што често паѓа во долгови. Сака да купува и ефтини работи, но и тоа како умее да троши и на луксузни.

 Ракот поседува вродена деловна интелигенција. Мошне е способен да започне сопствен бизнис и да заработи големи суми на пари. Не ги сака промените, но кога тие ќе настапат, Ракот е добро подготвен и организиран, па вешто ја користи секоја можност за да генерира пари. Секогаш попрво ќе одбере работа која му носи заработка отколку работа која му одговара според неговите афинитети. Тој је способен да троши многу на патувања или на нешто што уште од детството посакувал да го има.

Ако Лавот сака да биде богат мора да ја промени својата идеалистичка природа. Тој се занимава со професија во која повеќе му значи да биде исполнет, отколку заработката. Сите професии кои и служат на јавноста и допринесуваат светот повеќе да ужива му одговараат на Лавот. Како и останатите огнени хороскопски знаци многу троши. Најмногу троши на гардероба, зошто важно му е да биде облечен во последна мода; доста дава и за опремување на куќата бидејќи му е важна удобноста. Првата плата секогаш ја троши на ноќен живот, ресторани и подароци.

 Девицата е склона кон стекнување пари во мали рати, упорно и сигурно. Овој знак е многу штедлив и своето богатство го стекнува собирајќи денар по денар. Одлично пресметува и со секоја мала трансакција Девицата ја зголемува својата сметка. Иако на прв поглед изгледа скромно, Девицата сака сѐ што е луксузно и гламурозно, а за остварување на своите соништа ја чува секоја пара. Најмногу троши на куќата, семејството и на патувања, затоа што тоа ја прави среќна. Штеди и знае во што вложува и никогаш не греши.

 Вагите се сестрани и интелектуални, иако не им се предвидува голема заработка, нивните способности им помагаат да постигнат добар резултат. За Вагата парите се симбол на удобност и ги троши на патувања, скапа козметика, облека и излегувања. Како комформист вложува многу во домот, но не само во неговата удобност, туку и во скапоцени уметнички предмети и антиквитети.

Скорпијата често добива пари оставени во наследство, но бидејќи е чувствителна кога станува збор за материјални работи, успева и да го сочува тоа што го наследува. Најуспешните бизнисмени се родени баш во овој хороскопски знак. Амбициозната Скорпија парите ја привлекуваат затоа што даваат сигурност, но и висока положба во друштвото; ја привлекува банкарството и финансиите. Парите за Шкопиите се афродизијак кој им го крева адреналинот и ги тера да бидат подобри и поуспешни. Затоа уживаат додека ги трошат и не штедат опсесивно, затоа што знаат дека се способни да заработат и дупло повеќе.

Стрелецот е еден од најсреќните знаци на Зодијакот кога станува збор за парите. Доколку не се збогати, сигурно ќе пронајде професија која му гарантира животен комфор. Ако не е тоа случај, тогаш дефинитивно не постои хороскопски знак кој се снаоѓа полесно од него. Стрелецот е едноставно роден под среќна ѕвезда, и кога ништо не бара добива сѐ. Во суштина парите не го интересираат претерано, тој е авантурист и светски патник и очигледно има повеќе среќа отколку памет.

Бидејќи Јарецот е хороскопски знак на успехот и бизнисот, најуспешен е во материјалниот сегмент на животот. Тој едноставно умее да направи пари, а не мора да биде посебно креативен или необичен, но има самодисциплина и истрајност во своите амбиции, а амбициите секогаш се од материјална природа. Со својата издржливост Јарецот стекнува пари и се збогатува таму каде што другите пропаѓаат или не издржуваат до крај. Успева да пронајде златна средина и разумно троши. Најмногу троши на лични задоволства, вложува во трајни вредности и ужива во својот висок друштвен статус кон кој отсекогаш тежнеел.

 Водолијата, како хороскопски знак со најизразен интелект во Зодијакот, Водолијата не плаши премногу за финансиската состојба. Во нејзин интерес е да придонесе кон подобрување и прогрес на светот, па и од тоа може доста да заработи. Ни самата не знае колку пари има, но секогаш е спремна на ризик и да инвестира во нешто, за кое само за неа има смисла и логика. А и ако остане без пари, има и од каде да позајми – има огромен број пријатели.

Интуицијата на Рибите  е на завидно ниво и често се случува да замислат нешто и тоа да се оствари, а притоа ни со прст да не мрднат. Од друга страна, не се доволно амбициозни за материјално да ги обезбедат долгорочните планови. Понекогаш одат во крајност и живеат скромно, само да не мораат многу да работат. Среќна околност е што од семејството и фамилијата добиваат пари, недвижнини, па и вработување. Во трошењето умеат да бидат поголеми расипници и од Лавот и Овенот, го обожаваат луксузот и максималното уживање.

Најчитани вести