Хороскоп во периодот на Бик: Еве кој ќе има најмногу среќа во љубовта

По доста живиот и активен период на Овнот, од 20-ти април Сонцето влегува во Бик, кој е земјен знак, а е под влијание на Венера. Пред нас се денови кога ќе дојде до нешто поинаква енергија, што е постојана, стабилна.

Ова е еден од поубавите периоди во годината кога во природата се цути, расте и се развива, носи плодови, а и кај нас доаѓа до промени.

Сетилноста е зголемена, расте потребата за задоволства, но и за стабилност, како и тежнеењето за стекнување или трошење пари, но и за уживање. Венера ќе биде во соѕвездието Овен се до 30-ти април и се додека таа е тука во љубовта ќе има повеќе страсти. Во односите има повеќе отвореност или срдечност, искреност, но и нетрпеливи желби. Се до тогаш ќе се исполнуваат љубовните желби и тежнеења, а пред се благодарение на иницијативноста и освојувањето.

Од 30-ти април Венера влегува во Бик, знакот каде што таа се чувствува како дома, каде што се засилува потребата за љубовта и уживањето со сите сетила. На Венера и’ е убаво во нејзиниот знак. Љубовта е извор на радост, а особено за оние што во наталната карта имаат Венера во Бик знаат повеќе да даваат во љубовта. Емоциите се потрајни и попостојани. Венера во Бик ги буди сетилата, ја зајакнува сензибилнсота, сетилото за допир, вкус, мирис стануваат засилени. Колку се поубави боите, звуците и облиците, толку повеќе радоста и задоволството во уживањето се поголеми. Ова е период на хедонизам!

Сегашноста и животот изгледаат поубаво, се ужива во храната, пијалакот, убавината, удобноста. Се повикува на уживања, а единствено се ужива на различни начини. Некои ќе уживаат во вашата убавина на љубовта, на нејзиното давање и добивање. Тоа ќе биде за оние кај кои што Венера во Бик транзитира низ петтата куќа, односно оние што се во подзнак Стрелци, или на крајот на Стрелец или пак на почетокот на Бик. Исто така и оние кај кои Венера поминува во 11-тата куќа, односно оние што се во подзнак Рак ќе може да добиваат повеќе љубов или полесно да ги остваруваат своите желби.

Венера во Бик им одговара особено на оние што ја имаат Венера во земјени знаци: Бик, Девица, Јарец и ним може најмногу да им донесе љубов, радост, финансиски добивки или уживања. На лицата со подзнак во Овен ќе им донесе можности да дојдат до заработка, но и повеќе да трошат. Тие повеќе ќе уживаат и во храната и ќе имаат засилен апетит, а многумина ќе имаат и потреба за благо или за некои деликатеси. Лицата со подзнак во Вага може да дојдат до пари преку другите.

Кога Венера е во Бик, се ужива и во подготвувањето на храната во која што се внесува љубов, која им дава на јадењата посеен вкус, а често и прекрасен изглед.

Ова е време кога се ужива во уметноста, во убавината во природата или во човечката убавина, па има и романтични вљубувања, а врските тежнеат кон тоа да бидат трајни. Тоа посебно се однесува на новите љубови што попчнуваат во времето на Младата Месечина, посебно од 7-ми мај па во наредните недела дена.

Доколку љубовта започне кога Венера е во Бик, врската има поголема можност да биде постојана. Посебно ова ќе биде време на големи љубови, преполни со сензуалност, уживања во убавината на љубовта и вљубеноста од 8-ми до 12-ти април, кога Венера ќе биде во скестил со Нептун во Риби, а истовремено ќе биде во тригон со Јупитер во Девица. Тоа е време кога е можна романтична вљубеност, како и преубави љубовни задоволства, проследени со чувства на радост, задоволства, давања и добивања. За некои тоа ќе биде на љубовен, за други на финансиски план.

Меркур ќе биде ретрограден од 28-ми април до 22-ри мај во Бик. Под негово влијание ќе има и лица што ќе обноват некоја стара љубов или пријателство. Времето на најголема љубовна страст, онаа што го исполнува и телото и душата, секој дел од битието, трае од 12-ти до 16-ти мај, кога ќе не обземат моќни сетилни уживања. Тоа се денови кога Венера во Бик ќе биде во тригон со Плутон во Јарец. Тогаш љубовта два сила, придвижува на некој чуден или таинствен начин, што е длабок. Некои во целост ќе ја променат сопствената финансиска ситуација под овој моќен апсект.

Времето на Бикот е кога до 9-ти мај дури 5 планети ќе бидат ретроградни (Меркур, Јупитер, Марс, Сатурн и Плутон). Од 17-ти април Марс почна да се движи ретроградно, па затоа ќе забави, а некаде и во целост ќе сопре некои активности. Ќе има и повеќе повторувања на некои активности од порано, а некои активности ќе мора да се повторат за да донесат резултат. Тоа ќе ја зголеми и пасивноста, а ќе донесе и повеќе склоности кон задоволствата и сетилните уживања во периодот на Бик.

Ќе има и такви што под влијанието на Меркур ќе може да повторуваат, да г утврдат она што претходно го научиле. Ретроградниот Меркур е поволен за да преправите, да научите, да допишете или да завршите нешто што претходно сте го почнале или повторно да разговарате на истите теми и овој пат да се обидете да решите нешто што претходно не сте успеале. Комуникацијата може да биде забавена, посебно кога се во прашање договорите што се прават со преговори или со чекање или задоцнување на информациите. Од 28-ми април до 22-ри мај не е поволно време за патувања. Ако патувате најдобро е да патувате на места каде што претходно сте биле и што носат можности за средби со лица што долго не сте ги виделе.

Пред нас е приод кога земјените знаци ќе имаат најголема можност да напредуваат или да уѓиваат, но секако да доживеат нешто што во претходните периоди немале прилика, од 9-ти мај па натаму.

Најмногу можности за тоа ќе почувствуваат Биковите, затоа што ова е нивно време, кога започнува новата животна година, кога најмног можности за напредок ќе имаат оние што се родени во првите денови на мај, особено од 4-ти до 7-ми мај, исто така и оние што се родени во првите денови на септември во знакот Девица. Шанси за подобрување на некој план ќе имаат и родените во првата недела на јули во знакот Рак, како и оние што се родени во првата недела на ноември и март.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.