среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

Хороскоп за мажи: Како да ја задоволиш во кревет!

Според нејзиниот хороскопски знак дознај што сака во кревет и натерај ја да вреска од среќа.

seks-vrskaaa

Поврзани вести

Специјално за нашите фанови- мажи претставуваме специјален хороскоп кој ќе им помогне подобро да ги запознаат жените и нивните потреби. Според нејзиниот хороскопски знак дознај што сака во кревет и натерај ја да вреска од среќа. Биди ти мажот што си и го пружил најдобриот секс и оргазам. Направи ја да не може да престане да мисли на тебе…

Овен
Жена кој е дрска и провоцира без срам. Ако и дозволите да ја води играта најверојатно веднаш ќе ве прогласи за аматер. Сексот мора да биде експлозивен и полн со страст, бидејќи веднаш може да оцени доколку и глумите лудило. Сака да експериментира и ретко сака долг секс затоа што по природа е нестрплива. Кога ќе се задоволи најчесто станува од креветот и заминува.

Бик
Дама која тешко се освојува, но кога еднаш ќе ја легнете на брашно прави чуда во креветот. Многу е сензуална, сака долга предигра и водење љубов со часови. По сексот има навика уште долго да го допира својот партнер додека не издејствува уште некоја партија. Им се допаѓа кога мажот паѓа пред нивниот шарм, па можат да го контролираат по своја волја.

Близнаци
За оваа жена треба да имате страшно добра приказна која ќе ја стимулира нејзината фантазија. Со вас ќе биде додека сте и интересни, а потоа или ќе ве изневери или едноставно ќе ве остави за некој подобар. Кога ќе забележите дека очите и засветкуваат на некој еротски разговор отворено кажете и што сакате. Можно е по сексот повеќе да не ви се јави и да не ја видите со месеци.

Рак
Жените ракови не ретко глумат дека се нежни и незаштитени во потрага на силна потпора. Ако ја сакате само за секс, размислете два пати бидејќи овие жени речиси секогаш сакаат врска. Знае да направи сцена кога најмалку се очекува и да има ладен израз на лицето дури и тогаш кога знаете дека сте ја задоволиле перфектно.

Лав
Лавицата ќе ве мачи за сите пари. Со неа нештата одат од крајност во крајност. Или ќе ве пренесе жедни преку вода или пак ќе ви ја извади душата барајќи најразлични секс пози и нови движења. Освен тоа треба да си знаете дека што и да правите вие сте тука за неа, а не таа за вас.

Девица
За неа ви треба трпение бидејќи бавно се опушта. Секогаш размислува на деталите па нека не ве изненади ако по сексот ве крене од кревет за да менува постелнината или пак да има некој фетиш кој што ќе сака да го применувате во креветот. Строго мора да водите сметка за хигиената бидејќи ако забележи нешто што не и се допаѓа слободно може да заборавите на сексот.

Вага
Ќе рече да на сексот без проблем, ама заборавете на грубиот пристап. Нема да бара од вас некоја длабока врска бидејќи повеќе и одговара нештата да бидат без обврски. Кај неа важи мотото: ако тебе ти е убаво, тогаш и мене ми е. Ужива во комплименти, подароци, внимание, мириси…

Скорпија
Најголемиот ѕвер меѓу предаторите. Ако не мислите максимално да се вложите воопшто не се ни нафаќајте на секс со оваа жена. Таа може да се кара, да вика, па дури и да се степа со вас, за веќе во следниот миг лудо води љубов на креветот и ве води во екстаза. Не мора да ја убедувате, доколку и се допаѓате сама ќе ве довлечка во креветот.

Стрелец
Сака див и ризичен секс ситуации. Кај неа поминуваат многу нешта за кои другите жени би рекле категорично не. Ужива во секс, па не ретко ќе ја најдете во некој автомобил, во парк, на во лифт и слично како си го празни нагонот. Ако се возбуди води љубов кај ќе стигне.

Јарец
Ладните јарци по природа може да бидат срамежливи во сексот, но ако малку ги охрабрите и успеат да стекнат доверба во вас патот до нивната спална соба ви е отворен. Сепак, не заборавајте дека од овие дами ретко ќе добиете страсно врескање и силни воздишки. Можеби ќе горат од внатре, но нема отворено да ви покажат.

Водолија
Сака да и се пријде на необичен и оригинален начин. Точно знае што сака, а во креветот веднаш презема иницијатива. Нема многу длабоки емоции и се најчесто е на интелектуална база, па ако сакате нешто конкретно директно кажете и што точно барате.

Риби
Премногу чувствителни жени кои уживаат во секс и предигра и од кои никогаш не знаете што да очекувате. По природа имаат голема фантазија и мошне се креативни во љубовната игра. Сексот со нив е комбинација од чиста страст и емоција.

Најчитани вести