сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Хороскоп за свекрви: Бикот го пика носот во сè, а Стрелецот обожава да озборува

Знаете што ви е свекрвата во хороскоп? Ако одговорот ви е позитивен, тогаш ќе знаете и како да ја скротите. Или во најмала рака да се насмеете.

Поврзани вести

Каква е вашата свекрва?

Овен

Постојано е во движење и сака да наредува. Кога ќе ги среди сопругот и децата, секако, на ред доаѓате и вие. Единствено нешто што можете да направите е да не обрнувате внимание на нејзините негодувања или, уште подобро, не дозволувајте нејзиниот збор да биде последен. Не ја подвивајте опашката, гледајте ја во очи, а ако работата излезе од контрола, за секој случај, купете си заштитен шлем.

Бик

Таа секојдневно ќе плете невидлива мрежа околу вас, од која со сигурност нема да можете да избегате. Ќе ви се плетка во сè. Ќе ве советува околу храната, облекувањето, парите, а богами и околу сексот. Ќе ви кажува како сака сè што сакате и вие, а позади грб, ќе ве озборува како немате вкус. Не може да се опише колку е тврдоглава и не попушта ниту за милиметар.

Близнаци

Оваа жена има јазик кој секого може да избезуми. Прво лукаво се притајува, ја снима ситуацијата, ви ги воочува слабите точки, а потоа напаѓа. Меле сто на час, ги употребува најсликовитите изрази и се меша апсолутно во секој аспект од вашиот живот. Од неа никогаш нема да добиете совет како се чисти, подготвува, пере и готви. Домашните работи не ја интересираат, па не сака да зборува за тоа.

Рак

Под нејзината мајчинска маска се крие една од најстрашните свекрви на Зодијакот. Со неа навистина нема шала. Каде удира, таму треба не расте. Ако самите не се согласите да играте по нејзините правила, таа ќе ве натера – сепак, во прашање е нејзиниот син. Ако успеете да и влезете под кожа и да ја освоите нејзината доверба, тогаш ќе можете да си работите по свое.

Лав

Заборавете на демократија и човекови права. Ни Стразбур не може да ви помогне. Таа не прашува, туку наредува. Тера по свое, не се потпира на никого, а не посебно на својата снаа. Но, таа не го прави тоа од пакост, туку спонтано – после се, таа е Лав. Затоа, во старт покажете ѝ заби. Таа е сè само глупа не и единствено нешто што цени е достоен противник.

Девица

Педантна, паметна и убаво воспитана свекрва, од која после недела дена заедничко живеење со сигурност ќе ве здоболи главата. За среќа, дискретна е, па нема да го пика носот во вашите работи. Ако процени дека треба да се вмеша, ќе ви ја пие крвта дискретно и фино. Што е најчудно, по некое време самите ќе почнете да верувате во тоа што го рекла. Единствен лек е емиграцијата кон Нов Зеланд, на пример.

Вага

Вагата е една од најпрефинетите, но и најитри свекрви во Зодијакот. Секогаш е беспрекорно средена како за на изложба. Целата пензија ја троши на козметика, па ќе биде толку стокмена, таман постојано да ви замерува дека не сте доволно уредни и дека не водите сметка за нејзиниот син. Најдобро оружје против неа е игнорирањето. Не обрнувајте внимание на нејзините нови чевли и преправајте се дека не сте ја забележале нејзината нова фризура. Тоа ќе ја извади од такт.

Скорпија

Со неа нема лесно да се разберете. На моменти е нежна и искрено сака да ви помогне, а потоа има потреба да сруши сè пред себе. Не го штеди ниту сопствениот син, а не вас, која за неа сте никој и ништо. Со неа можете да бидете или пријател или непријател, но ве советуваме да го изберете првото, бидејќи во спротивно, ќе ги загубите сите битки.

Стрелец

Со неа никогаш нема да ви биде здодевно. Умее долги часови да зборува и да озборува за тоа што се случува низ соседството, што понекогаш може прилично многу да иритира. За среќа, умее и да застане кога треба. Оваа жена ја почитува туѓата слобода. Никогаш не ја избегнувајте, бидејќи секако, ќе ве пронајде. Кога гледате дека може да дојде до конфликт, гледајте да и кажете некој добро замислен трач, а таа ќе биде мирна како бубачка.

Јарец

Пред вас стои силен, тежок и упорен противник. Тешко дека на неа ќе успеете да ѝ најдете слаба точка. Кога во животот навистина ќе ви затреба помош, таа ќе биде тука за вас. Но, немојте да мислите дека можете да ја искористите и да се ослободите од неа. Мудра е и знае што сте намислите пред да го направите првиот потег. Ако сакате да ја поразите, доволно е да ја вознемирите. Кажете ѝ дека изгледа лошо и дека нешто не е во ред со неа. Тоа зо сигурност ќе ја разниша.

Водолија

Необична и весела свекрва. Повеќе ја интересираат проблемите на јужноафриканските верверици отколку тоа што ќе јаде утре. Не ѝ пречете и вашите односи ќе бидат одлични. Ако сакате да ја оддалечите од себе, определете се за некој облик на ладна војна, бидејќи силата ништо не прави против неа. Сепак, бидете внимателни. Комбинацијата на хистерија и ладнокрвен, висок интелект едноставно ќе ја натераат сите свои проблеми да ги истури на вас.

Риби

Кога во домот имате свекрва во знакот Риби, тогаш можете слободно да кажете дека опасно сте стапнале во кал. Таа толку многу го размазила сопствениот син, што тој и сега кога е возрасен човек, сака да го негувате онака како што го негувала неговата мајка. Па, ако треба да го делите животот со неа, тогаш ќе треба да станете и нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и складно за нејзиниот син да биде крал на престолот.

Најчитани вести