Хороскоп за време на владеењето на Девица: Што ве очекува до 23-ти септември?

Девица

Работа – Меркур на самиот крај на вашиот знак, како и неговото ретроградно движење од 30-ти август укажуваат на недостаток на добра комуникација со соработниците и на лоши бизнис проценки. Ви пречат различни видови на отежнувања, кога околината  ве забавува во работата или кога некој од соработниците избегнува работни задачи и не ги исполн ува договорените обврски. Сепак нема причини за претерана грижа. Во текот на целиот период ќе имате поддршка од некои важни личности, за што говори конјукцијата на Меркур со Јупитер. Заштитата во секој случај е оправдана и е резултат на вашите претходни заслуги, кои на извесен начин претставуваат гаранција за новите успеси. Но, имајте на ум дека поради ретроградноста на Меркур неопходна  ви е детална и темелна процена на ситуацијата и за настаните во бизнис окружувањето. Бидете внимателни додека договарате нови бизниси. Ако е потребно, побарајте совет или поддршки од поискусните колеги. Во периодот од 9-ти септември кога Јупитер ќе биде во вашето поле на парите, каде што Венера е веќе присутна можете да ги остварите сите поважни бизнис цели.

Љубов – Сите емотивни дилеми што ве измачуваа додека Јупитер и Венера беа во транзит низ вашиот знак, ќе успеете да ги решите кога впечатоците ќе легнат и вашите емоции ќе се кристализираат. Бидете трпеливи, н е носете избрзани заклучоци и одлуки особено не додека Меркур, вашиот владетел е во ретроградно движење. Тој е мајстор за да направи илузија, дури и кога е директен, а на почетокот на септем ври, кога почнува привидно да се движи наназад уште повеќе ќе дојдат до израз неговите лоши карактеристики. Привременото оддалечување од саканата личност не е толку лошо решение. Нема потреба да го заострувате односот, покажете повеќе разбирање за партнерот и задоволството ќе биде обострано. Ако сте млади или сободни, ви престојат голем број нови средби и љубовни возбудувања. Препуштете се на убавите емоции и уживајте во малите и големи радости.

Здравје – Водете сметка за тежината, затоа што Јупитер во знакот ја засилува склоноста кон „ширење“ и зголемување на телесната тежина. Исбегнувајте мрсна храна и слатки и движете се повеќе.

Вага

Работа – Потрудете се до 1-ви септември да ги решите имотните, правните или статусните прашања што веќе подолго време ве загрижуваат. Потоа поради ретроградниот Меркур ситуацијата нема да биде толку поволна па и проблемите ќе бидат неизбежни. Во исто време, влегувањето на Венера, владетелот на вашиот знак во Вага би можело да создаде дополнителна конфузија поради некои претходни лоши одлуки или постапки. Рокот за исправување на тие грешки е до 9-ти септември и влегувањето на Јупитер во Вага. Сепак, немојте да дозволите работата да ве окупира пов еќе отколку што тоа е потребно. Научете се да повлечете јасна линија и правилно да се заштитите од различните коментари или непријатности што потенцијално го нарушуваат вашиот статус на работното место или во општеството. Со оглед на тоа што периодот на ретроградноста на Меркур е насочен на минатите настани, така и вие се служите со искуството. Во ситуациите кога не знаете како да постапите повикајте се на старите добри искуства и повторете ја добитната формула. Експериментите можете да ги применувате само во ситуациите што не  го надминуваат вашето знаење или практичното искуство.

Љубов – Со влегувањето на Венера  во Вага сите ваши убави особини доаѓаат во прв план. Првиот впечаток најмногу говори за вашето расположение и за намерите. Во овој период несакате да се оптоварувате со емотивно врзување и смислувате различни изговори, за да го оправдате вашето однесување во некои деликатни ситуации. Тоа сега не е лошо затоа што моменталното прашање на трајноста на сите врски е ограничено од прилично бурните случувања меѓу планетите. Доколку сте млади или слободни, можно е ненадејно да посакате да внесете некои радикални промени во вашиот живот. Посакувате конечно да ја најдете вашата „сродна душа“ и да се скрасите. Но, желбите и реалноста не се секогаш во хармонија, затоа е најдобро да заземете неутрален став и добро да размислите за секоја промена. Моменталните планетарни аспекти укажуваат на емотивна нестабилност, па секоја избрзана одлука би можела да донесе повеќе штета отколку корист.

Здравје – Можни се респираторни инфекции, како и засилување на хроничните проблеми. Зајакнете  го имунитетот и водете сметка за превенцијата. Бидете умерени во се и немојте да го исцрпувате организмот.

Скорпија

Работа – Повнимателно анализирајте се што се случува на бизнис сцената за да можете подобро да процените кога е мигот за акција и дали треба воопшто нешто да преземете. Загрижени сте поради вашиот статус на работнот место и несакате да се помирите со воспоставените стандарди  што владеат во вашата околина. Тоа е сосема нормално кога имате силен стелиум во 11-тото поле што е одраз на вашите намери, планови и очекувања. Барате поефикасен начин на дејствување со намера да ја унапредите вашата бизнис позиција, но голем број прашања остануваат без договр во текот на целиот период поради ретроградноста на Меркур. Владетелот на вашиот знак Марс во вашето поле на парите со рестриктивниот Сатурн говори за тоа дека не е добро да се залетувате во некои големи проекти, посебно ако тие услови се нови и ако  ги предводат личности што не ги познавате од претходно. Со влегувањето на Венера и Јупитер во вашето 12-то поле ќе добивате поддршка што не е јавна но доаѓа од влијателна личност, па ќе се чувствувате и посигурно и полесн о ќе ги повлекувате потезите. Сепак, пожелно е добро да размислите за секоја одлука.

Љубов – Со влегувањето на Венера во 12-тото поле се наметнуваат ситуации што по дефиниција се тајни или се случуваат „зад нечиј грб“. Водете сметка со таквото однесување да не ја загрозите моменталната состојба и да не се доведете себе си во ситуација да загубите и на двете полиња – и на јавното и на тајното. Потрудете се да не правите грешки во односот со партнерот што би можеле емотивно да ве оддалечат. Ако сакате  вашата врска да трае, мислете на она што ве спојува, а не за тоа што ве раздвојува. Доколку сте млади или слободни, прифатете го додворувањето и одговорете на понудата, но без големи очекувања. Тргнете ги розевите очила, престанете да мечатете за нешто што во реалниот живот не постои. Бидете отворени и искрени и потрудете се да изградите убава, стабилна и хармонична  врска.

Здравје – Во текот на овој период водете повеќе сметка за з дравјето и здравите навики. Во спротивно, можни се разни проблеми. Нервна исцврпеност, воспаление на жолчката и ишијас се само некои од можните тегоби. Инфекциите може да настанат поради занемарување на симптомите. Внесувајте повеќе витамини, свежо овошје и зеленчук и одмарајте повеќе.

За другите знаци повеќе на следните страници…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.