вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Хороскопот открива какви сте во кревет!

horoskop-seks_640

Последни вести

Како што сите негови љубители знаат – хороскопот се меша во се! Дознајте какви сте во кревет судејќи според вашиот хороскопски знак…

Овен

За вас сексот е многу важна работа во животот. Сакате дискретен секс и многу сте стрствени. Вашата импулсивност која преминува во ненадејност може да го излуди вашиот партнер. Во сексот сте спонтани. Вашиот партнер може да биде потполно отворен кон вас и до крај да ви ги открие своите мали тајни. Вие го стимулирате да ви каже што сака и не очекувате да се срами. Во состојба сте љубовта да ја издвоите од сексот, но од партнерот задолжително очекувате да ви биде посветен. Во сексот не покажувате преголема имагинација.

Бик

За вас сексот е инстиктивна работа. Вие кон сексот и еротиците се однесувате нагонски и сосема природно. Сензуалноста е вашето силно оружје во освојувањето на партнерот, бидејќи тој чувствува дека сте му посветени и дека уживате во неговите допири. Во сексот сте бавни, а предиграта ви значи речиси толку колку и самиот чин. Најлесно можете да бидете освоени кога ве облеваат со голема нежност. Знаете да бидете посесивни и љубоморни. Чувствителни сте на однесувањето на партнерот, а на него влијаете смирувачки. Секогаш сте подготвени да му угодите и вам е навистина тешко да ви се одолее.

Близнаци

Разновидноста и бујната фантазија на Близнаците е нивната најдобра препорака дури и кога е во прашање сексот. Секогаш сте подготвени за експериментирање и промени. Тоа е единтвениот начин вашиот партнер брзо да не ви здосади и да не го загубите интересот за секс. Љубовта и нежноста не се неопходни во врска со сексот кога сте вие во прашање. Многу  ви е важно добро да се забавувате. Вие сте шармантна и интересна личност, на која е тешко да се одолее.

Рак

Вашиот пристап кон сексот е многу романтичен. Емотивната врска мора да биде составен дел од сексот, во спротивно нема да бидете многу заинтересирани. Вие сте личност која сака редовен секс со својот партнер. Поради страв да не бидете одбиени ретко први преземате иницијатива, туку тоа го препуштате на другата личност. Вие прво се провлекувате и како да сакате да се сокриете, што другата личност ќе ја заинтригира уште повеќе, па оди уште подалеку и подискретно. Тогаш стапувате на сцена и со своите клешти цврсто ја зграпчувате личноста, така што не е ни свесна дека таа е ваш, а не вие нејзин плен.

Лав

Лавовите најмногу уживаат во сексот со личности за кои се сигурни дека ги обожуваат. Вашите очекувања во сексот се големи, но вие сте подготвени она што ќе добиете да го возвратите со иста мера. Инсистирате на своја слобода и кога е во прашање сексот, склони сте кон флертување и сакате луди забави. Можете да го одвоите сексот од љубовта, но сепак најчесто настојувате да ги споите. Не сте премногу имагинативни во сексот, но сепак повеќе го цените квалитетот од квантитетот.

Девица

Вие во сексот барате совршенство. Кон партнерот сте многу критични, не е лесно вас да ве задоволат, но дарежливи сте и непрестано му пружате шанса да биде подобар. Во сексот преферирате изненадувања и експериментирања. Вие сте подобар следбеник отколку лидер во кревет. Благодарение на способноста лесно да учите разни вештини можете да станете мајстор во сексот, само ако сте мотивирани. Најдобро се согласувате со личностите кои имаат сличен карактер како и вие.

Вага

На вагата сексот и е средство преку кое ќе добие љубов и разбирање. Многу сте романтични и повеќе сте заљубени во љубовта отколку во својот партнер. Вагите, по правило се многу убави и шармантни личности. Имате голем број обожаватели и уживате сите да ги држите на купче. Сексот го цените во зависност од тоа колку сте го импреионирале и задоволиле партнерот. Вие сте елегантна и префинета личност, па другите свесно или несвесно се вклопуваат во шемата која вие ја диктирате. Ако во тоа ја загубите мерката се случува и покрај морето обожаватели да останете оамени.

Шкорпија

Целата ваша појава е намагнетизирана со сексуалност, но вие сте во состојба да вршите контрола над себе, што уште повеќе го привлекува вниманието на спротивниот пол. Вашата желба за уживање во сексот е многу силна. Вие сексот го сфаќате исклучително сериозно и затоа не сте заинтересирани за еднократен секс и минливи врски. Вам ви е потребна силна  конекција за да можете во потполност да ја пружите својата огромна страст. Редовниот секс е задолжителен. Доколку вашиот партнер не е задоволен во сексот, нема долго да го оправдувате, бидејќи за вас сексот е нешто повеќе за разлика од другите знаци во хорокопот.

Стрелец

За вас сексот е пред се забава. Особено е она што му претходи на сексуалниот чин. Во сето тоа сте опуштени и безгрижни. Сексот за вас е авантура. Вашето однеување е атрактивно и лено го привлекувате вниманието кон себе. Кога ќе воспоставите врска со партнерот е трудите се да му удоволите, но исто така ви е важно да се чувствувате слободно. Не поднесувате никакви стеги и не поднесувате некој да ве третира како негово сопственишто или во нешто да ве ограничува. Вашата потреба за слобода не подразбира дека сте неверни, но и понатаму имате потреба да им се допаѓате и на други личности.

Јарец

Јарецот често се смета за не толку сексуален знак. Причината за таквото мислење лежи во фактот дека сте внимателна личност која во ништо не претерува, па ниту во сексот. Вам ви е важно добро да го познавате партнерот пред да станете интимни. И во сексот ги набљудувате односите на долги стази и полека партнерот го подготвувате и воведувате на тло кое вам ви одговара. Тој обично свесно или несвесно го прифаќа тоа, бидејќи сте природен управувач на работите кои ви се случуваат во животот. Јарците воглавно се верни, но не претерано. Знаат да искористат поволна прилика и малку да „скршнат од патот“, но тоа не се одразува на нивниот однос со партнерот.

Водолија

Вие сте неконвенционални и непредвидливи во сексот. Повеќе ви одговараат слободни сексуални врски, бидејќи не го ограничуваат вашето чувство на слобода. Кога сте во долга врска вашиот интерес за секс полека опаѓа. Сепак, тоа не е причина да го напуштите партнерот, бидејќи во меѓувреме со него сте изградиле и други односи во заедничкиот живот. Не сте во состојба долго да ги криете вонбрачните врски и партнерот порано или подоцна ќе ве открие. Често тоа и сами му го соопштувате, бидејќи мислите дека така е побезболно за него. Токму поради таквото однесување ви се случува да се колебате во емоциите и тешко да одредите што е најдобро за вас.

Риби

Ако сте родени во знакот на Риби, тогаш вие во сексот сте токму онакви какви што сака да бидете вашиот партнер. Со вашиот целокупен живот, па и со сексот управуваат емоциите. Преполни сте со емоции и постојано барате можност да ги искажете. Сексот е вистинскиот начин за такво нешто. Поради својата преголема емотивност, верноста не е вашата најјака страна. Тешко можете да одолеете ако некој е навистина упорен. Вие сте личност на која сексот и помага да се чувствува подобро. Иако Вие во љубовниот чин играте споредна улога, тоа Вас не ви оневозможува да ги изразите своите најдлабоки чувства. Во сексот сте чувтвителни и имате голема фантазија. Затоа вас најмногу ви одговараат партнери кои се исклучително слободни во сексот.

 

Најчитани вести