Хороскопски знаци и сексот: Што сакаат, што ги пали и кои се нивните ерогени зони?

jarec-znak-1Јарец

Жена: Има мошне високи критериуми што му ги поставува на нејзиниот партнер, при што и без престан ја зголемува листата на барања. При изразувањето на чувствата делува принципиелно, одмерено и строго – за се постојат утврдени правила. Меѓутоа знае да биде и мошне емотивна и ранлива, а дури откако ќе почувствува максимална сигурност и доверба ги изразува сопствените чувства и страсти.

Маж: Тој е доверлив издржлив и бескрајно упорен во неговите намери. Ги потиснува сопствените емоции, но секогаш губи контрола кога пред себе си има возбудлива партнерка што во сопственото изразување умерено ги дозира емоциите, страстите и практичните способности. Во љубовно-сексуалниот однос максимално е предаден, мошне амбициозен и воспоставува строги критериуми.

Љубовен стил: По својот стил мошне се конзервативни, преферираат се што го поткрепува чувството на интимност, сигурност, доверба. Секогаш на трпелив и сигурен начин, испробан со рецепт доаѓа до она што го сака во љубовно-сексуалниот однос.

Положба: Се наоѓате во некоја од положбите со клечење, апартнерот има активна улога (за жени, а за мажи обратно). Посебно ги преферираат класичните пози, како што е положбата на грб или на страна.

Ерогени зони: Покрај примарните сексуални зони, особено внатрешната страна на колената, стопалата, градите и стомакот.

Сугестија: На сексуална желба ги поттикнуваат – различните изливи на нежност, топлите погледи, бојата на гласот, движењата и нечие однесување.

За другите знаци повеќе на следните страници….