Хороскопски знаци и сексот: Што сакаат, што ги пали и кои се нивните ерогени зони?

lav-znak-1Лав

Жена: Таа е романтична хероина, енергична и мошне темпераментна – по потреба знае да биде и мошне нежна. Низ нејзините вени струи врела крв, но во „одредена поза“ знае да остави и спротивен ефект. Кога ќе се разгорат нејзините страсти, таа бара многу од партнерот, а великодушна и сензуална љубовница.

Маж: Тој е секогаш „мачо тип“ или „витез со лавовско срце“ – љубовта е неговата голема страст! Сака во се да биде најдобар – тоа е негова преокупација. Притоа е мошне горделив, страствен, романтичен и великодушен љубовник. Ја шармира партнерката и ја заведува во секој поглед, сака да доминира, но исто така и добро се грижи и ја штити неговата љубовница.

Љубовен стил: На директен начин и страствено ги изразуваат нивните емоции, ги возбудува допирот, погледот, провокативниот изглед и однесување.„Сексуалниот апетит“ им е мошне нагласен, прилично се издржливи и амбициозни. Во љубовно – сексуалниот чин наизменично се сменуваат енергичноста и изобилството од нежности. Мошне се потентни и лесно е да ги потпалите нивните страсти, при што точно ги раздвојуваат емоциите од сексуалните пориви.

Поза: Онаа во која што седите наспроти вашиот партнер, што затоа ви дозволува различни варијации на седечките пози. Особено ве возбудуваат различните пози во кои можете да остварите „сексуална доминација“ над претнерот.

Ерогени зони: Покрај примарните секзуални зони, особено ’рбетот, бедрата и препоните.

Сугестија: На сексуални фантазии ве поттикнуваат: „огнените погледи“, искрите што произлегуваат од нечија боја на гласот, како и страсни бакнежи.

За другите знаци повеќе на следните страници….