Хороскопски знаци и сексот: Што сакаат, што ги пали и кои се нивните ерогени зони?

devica-znak-1Девица

Жена: На прв поглед е мошне строга, добро вооружена со сите можни манири на однесување. Секако зад таа добро извежбана маска се крие и достоинствена и емотивна природа. Но до нејзините истенчени емоции и страсти ослободени од „тешките стеги“ се стига само со бескрајно трпение, непостојано докажување и безрезервна љубов.

Маж: Делува резервирано и „дотерано“, секако се во обид добро да ги контролира сопствените чувства и страсти. Сепак може да го исфрлите од таа „уштиркана поза“ доколку покажувате искрени емоции, рафинирани страсти и висок стил. Духовноста му е мошне важна, но ниту тој не е имун на „нападите на врелите страсти“.

Љубовен стил: Мошне се амбициозни – секој детал е важен! Го обожаваат чувството на блискост и доверба, а аособено имаат потреба да се наоѓаат, односно да остварат иста бранова должина со својот партнер. Стилот и техниката на водење љубов се мошне важни, но со задолжителна „умереност во се“ – значи без претерувања.

Поза: Положбата во која што седите во прегратка (за жена, а за мажите обратно), допирите со рацете се мошне важни, особено на вратот и на градите. Некои од лежечките положби лице до лице, како и можноста точно да го гледаат изразот на лицето на партнерот.

Ерогени зони: Покрај примарните сексуални зони, особено стомакот и делот од папокот па надолу.

Сугестија: На сексуални фантазии ве потсеќа: нечија боја на гласот, гестикулација или мимика, целокупниот изглед и движења.

За другите знаци повеќе на следните страници….