Хороскопски знаци и сексот: Што сакаат, што ги пали и кои се нивните ерогени зони?

vaga-znak-1Вага

Жена: Таа е шармантна волшебна глумица, по потреба неодолива и „невина“. Ужива во играта на заведување и добро ги познава различните „љубовни магии“ за освојување на партнерот. Има префинет вкус и „лесно“ се предава на љубовните предизвици и страсти. Мошне е амбициозна и во секој поглед очекува посебен третман.

Маж: Тој е голем романтичар, неодоливо го привлекуваат и го возбудуваат сите примарни женски атрибути. На партнерката знае да и приреди незаборавни мигови во речиси совршена комбинација од нежности, љубовен занос и сексуално уживање. Мошне е шармантен и вешто ги користи неговите предности за време на љубовното додворување.

Љубовен стил: Преферира отмњени стилови, а односот со партнерот води директно кон „љубовен огномет“ при што знае добро да ја канализира сопствената страст. Тежнее кон потполна хармонија на духот и телото, емоциите и страстите или кон потполно единство во односот со партнерот.

Поза: Една од положбите е кога лежат на грб, а партнерот клечи (за жени, за мажи обратно). Особено е важна употребата на екстремитетите и активните движења.

Ерогени зони: Покрај примарните сексуални зони, особено пределот долж ’рбетот, бедрата, градите и стомакот.

Сугестија: На сексуални фантазии  ги поттикнуваат – нечиј изглед, впечаток, различни изливи на нежност, топли погледи, движења и страсни бакнежи.

За другите знаци повеќе на следните страници….