Хороскопски знаци и сексот: Што сакаат, што ги пали и кои се нивните ерогени зони?

strelec-znak-1Стрелец

Жена: Таа е мошне темпераментна, импулсивна, предизвикувачка и по потреба провокативна. Точно знае што сака од љубовниот партнер и добро ја разликува љубовта од страста. Во нејзиното однесување се наѕира потребата за авантуристички доживувања, доминација, возбудувања и неограничувања. Мошне е оригинална и на мошне директен начин (често и’ недостасува чувство за мерка) а ги изразува и сопствените емоции.

Маж: Тој е мошне енергичен, во дел од секунда е снаодлив и вешт за време на љубовниот контакт, додворувањето или сексуалниот однос. Со исклучителниот шарм што го поседува, знае да делува духовито и забавно – сето она што партнерката ја разоружува пред неговиот освојувачки поход. Импулсивен е и мошне директно ги изразува чувствата, сексуалните желби или аспирации. За него не постои не или неможам – тој се може да направи ако го водат емоциите или страстите.

Љубовен стил: Ја обожаваат слободата во секој поглед. Нивниот стил е оригинален и директен, во целост се препуштаат на љубовно – сексуалниот виор. Понекогаш делуваат нескротливи или диви, што доведува до дополнително заедничко возбудување. Со напомена, дека класичноста најмалку ги привлекува.

Поза: Некои од стоечките положби со лице свртено кон партнерот или со грботр кон партнерот. Посебно преферираат одредена доза необичност или оригиналност во љубовниот чин, како и егзебиционизам.

Ерогени зони: Покрај примарните сексуални зони, особено препоните, внатрешниот дел на бедрата, колковите, долниот дел од грбот и стомакот.

Сугестија: На сексуална фаза ги поттикнуваат – разни предизвици, провокативен изглед, бојата на гласот, нечиј стил и однесување или движења, бојата на гласот и страсните бакнежи.

За другите знаци повеќе на следните страници….