Магазин

Хороскопски знаци со убедливо најтежок карактер

Хороскопски знаци со убедливо најтежок карактер

Постојат хороскопски знаци со кои многу тешко можеш да се разбереш, поради тоа како се однесуваат кон другите, каков карактер имаат и сл. Вистинско чудо е доколку успееш на крајот со нив да се разбереш.

Погледнете ја оваа кратка листа составена од знаци кои имаат најмногу тежок карактер.

ЈАРЕЦ

Супер независен знак! Не му е гајле да тргне против мислењето на сите останати. Тврдоглавоста е неговото второ јас и ќе ви биде навистина тешко да го натерате да направи нешто што не сака. Комуникацијата со него исто така не е лесна, бидејќи тој ги презира повеќето луѓе (тие едноставно не се на неговото ниво) и комуницира со нив поради должност или од досада. А доколку го додадеме неговиот вроден работохолизам, да му бидете интимен партнер не е лесна задача, која е придружена од десетици компромиси кои ќе ви се наметнуваат да ги правите секој ден.

ВОДОЛИЈА

На прв поглед, ведра, забавна и колоритна личност. Но овие квалитети како поминуваат во заден план, кога ќе го запознаеш. Водолиите имаат навика да бидат “црна овца”. Скандалозни, со предизвикувачка визија, а нивното однесување често вели “вие мали, смешни луѓе, не знаете што е да живеете вистински”. И како за капак ја имаат нивната љубов за слободата. Овој знак секогаш ќе прави што сака. Дури да си седи кротко и да го одобрува тоа со главата, додека му го наметнувате своето мислење и идеи, тој сепак ќе постапи како си одлучил. Да освоите Водолија под каква и да е форма, е категорично невозможно.

БЛИЗНАЦИ

Да, токму оваа забавна, сјајна и зборувачка личност, го зазема 3-тото место во рангирањето на најтешките карактери. И причините не се малку! Нивниот незапирлив карактер постојано ги води “некаде”. Да се одржи нивниот интерес е доста тешка работа, особено на интимен план. Заштитната реакција е повеќе од ужасна – тие ставаат маска на рамнодушност, дури суровост. На зборови може и да ви покажат внимание кон вашето мислење, но тоа никогаш нема да стане важно за нив. Близнаците се подмолен знак – создаваат впечаток за разбран човек, но всушност секогаш сакаат да биде по нивно. Без разлика по која цена!

ОВЕН

Конфликтна, импулсивна и бескрупулозна личност. Не размислува за последиците, може да истрела десет погрдни зборови во секунда и да те сруши психички само за момент. Воопшто не му е гајле за мислењето на луѓето, тој е секогаш во право, а тие грешат. И како зачин на сетоа тоа, има огромни барања кон сè и секого. Пoјавата на себичност е доста честа, но тоа тој никогаш нема да го признае. Не ги признава своите грешки, и бара друг начин (на пример подарок) да си ја “откупи” вината. При тоа нема да пројави желба да се разговара за проблемот. Да се разбереш со Овен е многу тешка задача. А дури и да успеете, мирот ќе продолжи максимум 2-3 дена.

ШКОРПИЈА

Кралот на најтешките карактери! Претставниците на овој знак земаат што сакаат и кога сакаат, без да се усогласат со никого. Суров јазик, кривичен суштина, супер его и ниту грам желба за отстапување. Но најмногу страшни се кон партнерот – злобно љубоморни, опседнати, безмилосни. Измислуваат непостоечки престапи и со огромно задоволство го казнуваат партнерот за нив. Често се однесуваат кон луѓето како кон свои предмети. За да преживееш до нив, треба задолжително да голташ и да се согласуваш со секое нивно решение. Едно пријателство или врска со Шкорпија може да ви нанесе емоционална штета за цел живот!