Хороскопските знаци и бакнежите: Слатки, кратки, страствени…

Бакнеж, тоа е оној сладок момент кога се сретнуваат две души, сладок, страсен, долг и незаборавен.

Но, секој бакнеж е различен, некој подолг, некој посладок, некој брзо се заборава…откријте како се бакнуваат хороскопските знаци.

Овен: Впечатлив, енергичен и снажен. Овој знак на бакнувањето му пристапува како и на се друго во животот – одушевено и импулсивно.

Бик: Бавно, сензуално и цврсто – таков бакнеж можете да очекувате од биковите. Ова е една од причините поради која врските на биковите траат подолго од на другите хороскопски знаци. Биковите имаат посебно развиен осет за допир и пред да ве бакнат ќе ве галат или ќе ве држат за рака.

Близнаци: Различни, интересни и брзо променливи. Близнаците сигурно нема да ве разочараат во бакнувањето. Но, пред да ве бакнат ќе мора да се изначекате и изназборувате.

Рак : Удобно, познато и едноставно добро. Раковите не одушевуваат при првиот бакнеж, но даруваат  удобност и пријатно чувство. После нивниот бакнеж ќе се чувствувате топло и прекрасно.

Лав : Бакнежот на лавот едноставно одушевува и за негов бакнеж се чекаат редови. Со нив се што треба е да се опуштите и да му се препуштите.

Девица : Внимателно, чувствително и совршено. Така бакнува девицата. Тие не сакаат неред, па атмосферата пред бакнежот мора да е совршена. Поради тоа што девиците не прават ништо половично и бакнежот им е потполн.

Вага: Тие живеат да му угодуваат на партнерот. Тие се такви како што очекува партнерот. Секој бакнеж на вагата е единствен. Уживањето со нив ќе биде исто и по 25 години поминати заедно.

Скорпија :  Бакнежот на скопријата се опишува со еден збор, страственост. Со нив треба да заборавите на се друго и да уживате во бакнежот.

Стрелец : Стрелците секогаш сакаат повеќе, повеќе и уште повеќе. Многу ќе ви дадат, а ако сакате да ги освоите обратете внимание што сака и повторете го тоа безброј пати.

Јарец :  Личностите во знак јарец ретко се одлучуваат први да бакнат. А кога најпосле ќе го добиете бакнежот, тој ќе биде елегантен, префинет и непотполн. Тоа е единствен начин да посакате уште.

Водолија : Водолиите се различни, и нивната цел е да останат запаметени. Тие сакаат изненадувања и необични бакнежи, посебно од личности кои не им се слични.

Риби : Рибата ќе ве бакне само доколку мирисате убаво. Тие ќе ве бакнуваат нежно, чувствително и внимателно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.