Магазин

Хороскопските знаци и Денот на вљубените

Хороскопските знаци и Денот на вљубените

Дали сте осамена Риба која се плаши Денот на вљубените да го помине сама, или сте активна Водолија која воопшто не ни знае како се празнува овој ден со партнерот? Еве што вели вашиот хороскопски знак кога е во прашање празникот на вљубените.

Овен

На Овенот, како први знак на зодијакот и роден лидер, не му е потребен некој измислен празник за да ја слави љубовта. Па така, тој најверојатно ќе го помине Денот на вљубените правејќи нешто сосема спротивно на сите конвенционални практики – гледајќи хорор филмови со масна храна на трпезата и големи количини на лук.

Бик

Биковите уживаат кога добиваат подароци, па затоа на Денот на вљубените тие несомнено ќе очекуваат подароци и чоколади, дури и доколку мораат самите себе да се почастат. Иако нивниот симбол е бикот, припадниците на овој хороскопски знак поседуваат нежна и мирољубива страна која ги тера овој празник да го прослават на интимен и романтичен начин.

Близнаци

Овој хороскопски знак е во состојба да се прилагоди на секоја ситуација, што понекогаш ги прави да бидат прилично неодлучни. Денот на вљубените Близнаците ќе го поминат правејќи вообичаени работи, но со неколку пропратни изненадувања. Со оглед на нивната по малку површна природа, очекувајте Денот на вљубените да го поминат окружени со згодни припадници на спротивниот пол. Не заборавајте да обрнете внимание на контрадикторноста – иако Близнаците тврдат дека не сакаат да го слават овој романтичен празник, бидете сигурни дека длабоко во себе не мислат така.

Рак

Ракот сака да се чувствува заштитено, заради што Денот на вљубените ќе го помине со личноста за која негува длабоки чувства – со партнерот или со најблиските членови на семејството. Заради тоа што се многу чувствителни, сингл Раковите ова време ќе го поминат сожалувајќи се во осаменост, секако со чаша вино во раката.

Лав

Не е важно дали Лавот е во врска или не, Денот на вљубените сепак се врти околу него. Овој празник за него претставува изговор да бара внимание и подароци. Самоуверен и храбар, Лавот ни во сон нема да си дозволи сам да го помине овој ден, па ќе ја искористи секоја прилика добро да се забавуа.

ljubov-vrska-0213

Девица

Штом еднаш ќе успеете да се провлечете под површината на Девицата на која владее пресметаност, ќе пронајдете многу топло срце. Не крева голема узбуна околу Денот на вљубените бидејќи таа сака да обрнува внимание на практични и логични работи. Зошто да поминат еден посебен ден облевајќи го партнерот со љубов кога тоа можат да го прават преку целата година? Заборавете на подароците бидејќи преку тој гест Девицата ќе ја прочита вашата намера дека сакате да ја придобиете!

Вага

Водолиите се неверојатно друштвени, но и исклучително неодлучни, па така тие Денот на вљубените ќе го поминат правејќи планови во последен момент со личноста за која конечно се одлучиле да го поминат овој ден. Романтичните и шармантни Водолии едвај чекаат се размазат за овој празник.

Скорпија

Скорпиите се неверојатно независни и затоа нема да им падне тешко доколку треба Денот на вљубените да го поминат сами, особено заради фактот што тие и сакаат да слават само во сопственото друштво. Сепак, Скорпиите имаат и силна страна на страстни и посветени љубовници кои немаат проблем да ви ги откријат нивните чувства.

Стрелец

Стрелецот е позитивен и оптимистичен знак со големо срце и уште поголема фантазија. Оние кои немаат партнер, без проблем ќе се договорат со друштвото да го прослават Св. Трифун во некоја кафеана, каде ќе имаат добра забава. Оние, пак, кои се во врска, ќе прават нешто инспиративно со партнерот, настојувајќи да испробаат некои нови работи. Што се однесува до подарокот, Стрелецот без проблем ќе ви каже доколку не му се допаѓа она што сте го одбрале за него, бидејќи тој ја цени искреноста и умее да биде доста директен.

Јарец

Јарците се работливи и одлучни, а за го добијат она што го сакаат, тие го користат својот прагматизам. Дури и ако немаат партнер за Денот на вљубените, тие ќе ги превртат небото и земјата за да најдат некого со кој ќе го поминат овој ден, бидејќи тешко им е да се помират дека мора да бидат сами.

Водолија

Иако водолиите се познати по тоа што сакаат да ги прават работите на свој начин, нивната љубов кон човештвото ги мотивира да бидат дел од Денот на вљубените. Како креативни личности со сопствено размислување, Водолиите сами ќе испланираат своја верзија на овој романтичен ден.

Доколку се во врска, тие нема да кренат голема узбуна бидејќи не сакаат јавно да ги искажуваат нивните емоции. Но, ако се сингл, наместо Денот на вљубените Водолиите без проблем ќе го прослават Св. Трифун, во друштво на пријателите.

Риби

Рибите не сакаат да пливаат сами и затоа во потполност се препуштаат на овој романтичен ден во друштво на саканата личност, правејќи нешто необично и возбудливо. Со оглед на тоа што има тенденција да биде покорна, Рибата ќе го почасти партнерот со сето она што го сака неговото срце.