Хороскопските знаци и музиката: Бикот сака рок, стрелецот филмска музика, а рибите уживаат во Бах

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, а го открива и нашиот музички вкус. Еве каква музика сакате според хороскопот.

Овен – Овој знак наоѓа инспирација и задоволство во класичната музика, во композициите на Вагнер и Моцарт. Но во неговата предводничка страна на личноста го исполнуваат и појаки звуци, како музиката на „Колдплеј“, „Секс Пистолс“ и Ози Озборн.

Бик- Овој знак обожава поп и рок музика и ги сака „Битлси“ и „Ролингстоунс“. Бидејќи се и големи љубители на телевизијата со задоволство слушаат и музика од телевизиски серии, но и филмска музика, особено од авантуристички филмови.

Близнаци – Близнаците сакаат ретро музика, како хитовите на Френк Синатра, Том Џонс и „Аба“. Уживаат и во музиката на Мајкл Џексон, а она што е интересно е и дека сакаат театарска музика, особено онаа од Бродвеј.

Рак – Романтичниот Рак сака нежни тонови како песните на Селин Дион, Витни Хјустон и Кели Кларксон. Со задоволство сакаат да слушаат музика која ќе ги врати во минатото, на пример „Битлси“.

Лав – Лавот може цел ден да слуша „Блек сабат“ или „Пинк Флојд“. Го инспирира страста од композициите на Вагнер, Бетовен и Сергеј Рахмањинов. Важна им е драматичноста и живоста во музиката.

Девица –Девицата сака музика која дејствува смирувачки на неа, како на пример музиката на Моцарт и на Вивалди. Најдраги им се звуците на виолина и флејта. Девицата нема да ужива во музиката ако пред тоа не дознае повеќе за истата, па затоа претходно ја проучува нејзината историја.

Вага – Штраус, Менделсон и Шуберт се композиторите за овој хороскопски знак. Нивниот вкус е задоволен и со музиката на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд. За нивната сентименталност одлична е кантри музика.

Скорпија – Најмногу ужива во класичната музика. Но џез музиката им прави огромно музичко доживување, особено музиката на Моли Џонсон и Арета Френклин.

Стрелец – Ја обожава филмската музика. Најчесто онаа која ја има во акционите филмови најмногу ги исполнува.

Јарец – Многу ја почитува џез и оперската музика. На листата на негови омилени пејачи се и Брајан Фери и Том Вејтс. Обожава песни кој во себе носат и други, а не само љубовни пораки.

Водолија – Ги обожава џезот, електронската и акустичната музика. Го обожава Дејвид Боуви, но и сака да го слуша Морис Равел.

Риби – Рибите се страсни слушатели на Бах, но и уживаат во музиката на различните култури. Џуди Гарланд е уште една од нивните фаворити.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.