Магазин

Хороскопските знаци и пороците: Овен цигари, рак алкохол, стрелец патувања

Хороскопските знаци и пороците: Овен цигари, рак алкохол, стрелец патувања

Во светот не пости совршенство, секој има по некоја маана, недосток или порок, а ако сакате да го откриете својот тогаш послушајте ги ѕвездите. Но, ѕвездите ги откриваат и пороците на сите хороскоспки знаци, па така можете да дознаете на што се слаби вашите пријатели или партнерот.

Овенот, го сака алкохолот и цигарите, а кога ќе се посвети на тоа, не е лесно да се одвикне. Имаат тврдоглав став дека пушењето помага во ослободување од стресот, а и мислат дека изгледаат прилично гламурозно со цигара во рака.

Бикот е стабилен знак, но кога се во прашање храна и пијалоци, како некое друго битие да го обзема неговото тело. Сака да им угодува на своите сетила, така што лесно е да се замисли Бик кој сака чаша добар алкохол.

Близнаците често го менуваат расположението, што е најчесто проследено со разни пороци, како на пример пушење цигари една по друга, а ако работата им е барем малку поврзана со компјутер или интернет, бидете сигурни дека ноќта ќе ја поминат пред екранот наместо во кревет.

Ракот е под големо влијание на Месечината, што го води кон алкохолот и таблетките.  Бесот неретко го потиснуваат со големи количини храна, а покрај тоа и многу пушат. Затоа со нив бидете внимателни.

Лавот по дефиниција верува во својата реалност, па сите пороци се добредојдени за него, од коцка и секс до пушење и прекумерно опијанување.

Девицата може да биде најголемиот работохоличар, бидејќи многу опсесивно им пристапува на сите работи во животот, а кога нештата ќе тргнат по погрешна насока, доаѓа и потребата за алкохол и таблетки за смирување.

Вагата сака да побегне од грдата стварност консумирајќи алкохол, а ни лесните дроги не и се непознати. Но, за разлика од останатите, Вагата лесно се навикнува и на вежбање кое потоа го практикува до изнемоштеност.

Скорпијата ја носи титулата на најголемиот зависник од секс во Зодијакот, а заедно со тоа оди и многу алкохол. Цигарите ѝ се омилен порок од практична причина – одржување на линијата, за да не мора да држи диета.

Стрелецот, како и Лавот, има став на бесмртник, па ниту еден порок не му е непознат, а најчесто се наоѓа во проблеми со пари поради зависноста од патувања, која баш не соодвестува на нивната финансиска состојба.

Јарецот е најмалку склон кон пороци од сите знаци на Зодијакот, единствено цигарите, кои според него, не спаѓаат во зависности. Друга крајност кај Јареците е анорексија и булимија, поради опсесијата дека треба да се слаби и убави.

Водолијата по дефиниција истражува, па лесно ќе ја пронајдете во сите можни крајности, од заколнати вегани кои живеат ултра здраво, до ликови кои се пијани од утро до мрак.

Рибите го сакаат алкохолот за да ја намалат болката која ја чувствуваат во животот, најчесто психичка, а кога ќе се појави некоја хронична физичка болка, зависноста од таблети е неизбежна. Со оглед на тоа што имаат бујна фантазија, опијатите од сите видови им се најверно друштво, па треба да внимавате на нив.