Хороскопските знаци и сексот: Кој е преверзен, кој романтичен, а кој совршен

Овен

Сексот со нив тешко може да се движи во рутина. Во однос на нивната издржливост – ретко ќе ве остави разочарани.
Тие се многу спонтани и сакаат своите партнери да ги изненадуваат со подароци.
На нив секогаш може да сметате – да се борат за вас ако тоа е потребно.
Припадниците на овој знак се склони кон возбуда и авантура – со нив никогаш нема да биде досадно.

Бик

Карактеристично за Бикот е што има најлојален карактер во зодијакот и знаат да чувствуваат безгранична почит кон партнерот. Многу се сензуални и тоа се одразува во сексуалниот живот. Имаат силно либидо и важно за нив е туѓото задоволство.
Во моменти на стрес, Бикот секогаш ќе биде таму за да ви овозможи комфор и да се грижи за вас.

Близнаци

Тие прво се навистина заинтересирани за многу теми и затоа уживаат во проучувањето на партнерот и сите негови интереси.
Нивниот мозок работи брзо и генерално се многу духовити, но и секогаш ќе се смеат духовитоста нивниот партнер . Со нив не ќе мора да се грижите за недостаток на комуникација – тие се вистински експерти за отстранување на секоја непријатна тишина.
Пријателството е многу важно за нив и нивниот партнер пред се треба да му биде пријател, а потоа љубовник.
Навикнете се на нивните секси провокации.

Рак

Имаат вродена природа да се предадат на другиот. Покрај нив не треба да се плашите да ги окажете чувставата. Најомилениот начин на ракот да го поминува времето е да биде прифатен од својот партнер. Секогаш се обидуваат сексот да биде полн со страст и емоции. Исто така инвестираат време и енергија домот да биде топло и удобно место и за партнерот.

Лав

Со нивната сила и самодоверба се многу привлечни. Тие знаат како да ги покажат своите чувства, така што нема да ви недостигаат бакнежи, прегратки и допири.
За лавовите вљубеноста е најубавиот дел од животот затоа љубовта никогаш не ја земаат здраво за готово. Благодарение на својот креативен и страстен карактер, тие се одлични љубовници.

Девица

Секогаш ќе биде таму за да даде поддршка на партнерот кога е најпотребно. Имаат широко поле на интерес, затоа со нив лесно ќе разговарате на било која тема.
Под студената надворешност се крие кревка и топло внатрешност, која се гледа во полн сјај во љубовта.
Исто така се стремат кон совршенство во сите области на животот, што се одразува и во сексот – секогаш се потготвени да биде подобро.

Вага

Вагата со својата препознатлива шармантна и романтична природа, дури и по многу години од врската нема да запре да го заведува партнерот.
Предиграта за нив е многу важно и секогаш ќе издвојуваат доволно време за да бидат сигурни дека партнерот е среќен.
Нивната желба за убава и стабилна врска значи дека потенцијалните конфликти сакаат да ги решат со мирен разговор.

Шкорпија

Комбинацијата од страст и силен интезитет на либидото што ја има Шкорпија е гаранција за добар секс!
Меѓутоа љубовната врска, за разлика од обичниот флерт, ја градат многу сериозно и се лојални партнери. Нивниот мистериозен карактер и вечна мистерија е предизвик за партнерите, што придонесува за возбуда во врската.

Стрелец

Со оптимистички пристап кон животот Стрелецот во врската носи позитивност, слобода и подготвеност за компромис.
Тие се секогаш искрени, па можете да сметате на целосната вистина и во најлоша ситуација. Припадниците на овој знак се и идеалисти, па секогаш го гледаат најдоброто во своите партнери.
Со оглед дека има многу енергија, водење љубов со Стрелец е вистинска спортска активност!

Јарец

Карактеристично за овој знак е тоа што се спремни кон постигнување на длабока, значајна и долготрајна врска. Практични се во животот и во однос на чувствата, така што ќе се избегне драма во секоја прилика. Во сексот се отворени и преземат иницијатива , а нивното моќно либидо не се намалува со возраста.

Водолија

Доколку сте во врска со Водолија ќе направи да се чувствувате како да сте во љубов со вашиот најдобар пријател. Водолија живее во свет на идеи и креативност, токму затоа вие ќе бидете во можност да ги споделите. Исто така ако вашиот партнер е Водолија ќе си го запгатите дефинитивно љубовниот живот – тие се омилени меѓу знаците.
Поради нивната креативна природа, се перверзни во кревет.

Риба

Припадниците на овој знак се многу сензуална и подготвени за секс во секое време и насекаде.
Рибата ја изразува својата љубов и восхит секогаш на оригинален и речиси поетска начин.
Тие се подготвени да се жртвуваат за доброто на врската. Со оглед на тоа дека се големи романтичари, љубовта ја доживуваат како онаа од филмското платно.