Магазин

Хороскопските знаци и спортот: Раковите и рибитe сакаат пливање, лавовите мрзат спорт, близнаците тенис

Хороскопските знаци и спортот: Раковите и рибитe сакаат пливање, лавовите мрзат спорт, близнаците тенис

Пливање, фудбал, одбојка, атлетика, сурфање…некој сака спортови кои бараат мног трчање, други пак се скарани со се’ што бара физичка активност, некои сакаат спортови поврзани со вода…откријте које вашиот спорт според ѕвездите.

За овенот секој спорт е одличен, важно му е само да го потроши вишокот енергија кој го има. Овенот е многу активен, па така на луѓето родени во овој знак не им е потребна дополнителна мотивација за да се занимаваат со некој спорт. Бокс, трчање, боречки вештини се спортови створени за овенот.

Тешко дека некогаш ќе го видите бикот како се заморува без некоја особена причина. Тој ќе се бави само со оној спорт во кој ќе се заљуби. Обожава да вози ролери, да оди на пилатес и јога, но најдобар спорт за него е танцувањето. Во танцувањето дефинитивно најмногу уживаат претставниците на овој знак.

Близнакот најмногу на свет обожава тенис. Секој спорт кој бара активност на горниот дел од телото и рацете е одличен за претставниците на овој знак. Исто така на листата можат да се вбројат и одбојка, ракомет и пинг-понг.

Раковите обожаваат да пливаат или да се занимаваат со некој друг вид рекреација која не бара да бидат во близина на многу непознати лица. Исто така и нуркањето, кајакарењето, сурфањето и сите други спортови поврзани со вода се одлични за нив. Меѓутоа, раковите треба да бидат многу мотивирани бидејќи им е навистина тешко да се откажат од удобното седење дома. Но, од друга страна вешти се да натераат некој друг да стане поактивен. Токму затоа тие се подобри тренери, отколку спортисти.

Лавовите не се некои големи љубители на спортот. Повеќе сакаат да одмораат и да спијат. Сакаат спортови во кои можат да бидат предводници, па затоа не обидувајте се да ги претекнете на патека или да имате повеќе погодоци во метата за стрелање. Обожаваат да се натпреваруваат, а изреката „важно е да се учествува“ не важи за нив. За лавовите важно е само да се победи!

Девицата сака да се занимава со некој спорт, но не претерува во тоа. Обично сака необични спортови. На претставниците на овој знак многу им е важно каква опрема користат. Кога ќе почнат нешто да тренираат, не се откажуваат лесно и не се од оние кои секоја недела менуваат нов спорт. Тие се способни до крајот на животот да се бават со еден спорт. Водат здрав живот и токму затоа најчесто се занимаваат со спортови кои можат да ги прават во природа како што се брзо одење, трчање, голф, планинарење, а добри се и во фудбал.

Вагата сака да се занимава со спорт кој не бара вложување многу напор. На физичката активност гледаат како начин кој може да им го подобри физичкиот изглед. Доколку качат некое кило, веднаш се качуваат на велосипедот. Обожаваат да танцуваат и секој спорт кој е забавен или кој вклучува музика. За нив најпрепорачливо е да се бават со гимнастика.

Скорпиите сакаат боречки вештини и сите останати спортови во кои можат да си ја потрошат енергијата која ја имаат во неверојатно големи количини. Понекогаш делуваат и како да се неуморни. Карате, јога, пливање, па дури и лов се омилените спортови на скорпиите. Успешни се во стрелаштво, а сакаат и да се „билдаат“ во теретана.

Овој знак го краси спортскиот дух. Стрелецот обожава трчање, но и екстремни спортови. Единствена мана му е тоа што многу лесно се откажува. Кошарката и одбојката се како создадени за него. Тој сака да ги проба сите спортови, а неретко тренира и повеќе истовремено.

Многу е тешко помеѓу успешните спортисти, да пронајдете јарец. Тие баш и не сакаат да се бават со спорт. Со рекреација се занимаваат само ако мораат или од здравствени причини. Она што најмногу им лежи е планинарење, трчање на долги патеки и качување по карпи.

Водолијата обожува екипни спортови. Дружењето е основната мотивација за нив. Мал фудбал, кошарка, но и екстремни спортови се идеални за нив. Доколку се дружат со пасивни луѓе или ако екипата нема тимски дух, тогаш ни тие не се активни. Во ваков случај тие ќе се задоволат со видеоигра на компјутер и ќе се натпреваруваат онлајн.

Рибите многу се грижат за своето тело. За нив одлични спортови се пливањето, ватерполо и сите други спортови поврзани со вода. Не само што секогаш се најуспешни во овие спортови, туку можат да работат и како спасувачи на плажа. Исто така рибите сакаат џогинг, јога и слични „лесни“ активности кои го унапредуваат телото и духот.