Хороскопските знаци и невереството: На Лавот не му е грижа, Близнаците ќе искршат се’ што е ваше…

Сознанието за неверството никогаш не е лесно и додека некои зна ци ќе може да го простат неверството, како на пример Лавот, но за Јарецот или Стрелецот тоа ќе биде апсолутен крај од каде нема враќање.

Овен

На Овенот искреноста и верноста му се најважни. Кој ќе ги повреди овие две темелни вредности, може да очекува тешки последици. Овенот ќе и се јави на вашата мајка, на вашиот шеф или ќе објав и на социјалните мрежи што сте направиле.

Бик

Ако го повредите Бикот и тој ќе сака да ве повреди вас. Ќе сака да ве види како патите. Долго ќе ви го помни тоа што сте го направиле. Она што ќе го направат откако ќе дознаат за неверството нема да следи веднаш. Нивниот настап ќе го подготвуваат подолго време.

Близнаци

Се што ви е вредно тргнете на страна. Ако ги изневерите ќе ви уништат се што сакате и тоа дословно. Толку ќе ги налутите што нема да знаат што да правар, а тој напад на гнев ќе трае некое време.

Рак

Ако се чувствувате лошо затоа што сте го изн евериле Ракот, епа тоа ви е – ќе се чусвтвувате уште полошо. Од нив немојте да очекувате напад на гн ев и фрлање на предмети како од Близнаците. Ракот ќе ве натера да имате грижа на совест на најлош можен начин. Немојте да се изн енадите ако се јави на мајка ви за да и’ каже што сте направиле и колку сте ги разочарале.

Лав

Ако го измамите Лавот, сметајте на тоа дека отсега тој ќе ја има целата контрола во неговте раце. Секако, ако одлучи да Ви прости. Ќе мора да му поднесувате сметка за секој чекор затоа што повеќе не ви верува. Ако сакате да ја вратите загубената доверба ќе мора да се докажувате некое време.

Девица

Прво ќе биде збунета и некое време ќе размислува дали таа е виновна за тоа. Но, кога ќе сфати што се случило ќе ве етикетира како тотален кретен и веројатно ќе ви одземе нешто што нејзе и’ се допаѓа.

Вага

Откако ќе се опорави од почетниот шок, Вагата ќе го најде секоуј можен начин за јавно да ве понижи. И навистина ќе ужива во тоа.

Скорпија

Немојте да се залажувате. Скорпијата прво ќе се однесува како тоа воопшто да не се случило. Но тоа е така само затоа што смислува како да го искористи сопствениот отров.

Стрелец

Кога ќе дознае за неверството, тоа е тоа. Стрелецот повеќе никогаш нема да контактира со вас. Ако живеете заедно ќе ги исфрли сите ваши работи на улица и преку семејството и пријателите ќе ви порача што сака. За него оваа приказна е завршена.

Јарец

Тоа што било со вас – поминало. Јарецот  веќе нема да дозволи да имате  никакво право во неговиот живот. Ќе продолжи да живее без вас, потајно ќе страда и веќе никогаш нема да разговара со вас…

Водолија

Може малку да полуди кога ќе дознае што сте направиле, н о откако ќе се смири едноставно ќе си замине.

Риби

Ќе плачат со денови и нема да може да поверуваат што се случило. Но, потоа тагата ќе се претвори во гнев па немојте дља се изненадите ако најдете  дупната гума на автомобилот или нешто слично. Кога ќе се задоволат на тој начин, ќе се прават како ништо да не се случило и сами ќе продолжат со соптвениот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.