Хортикултурно уредување на булеварот „Александар Македонски“

Наредниве неколу денови екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе извршат хортикултурно уредување на дел од булеварското зеленило на бул. „Александар Македонски“.

Станува збор за површина која е лоцирана на булевар „Александар Македонски“, во близина на седиштето на Општина Гази Баба, или гледајќи во правец на Автокоманда кон Чаир пред излезот кој води кон кружниот тек кај хотел „Континентал“.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ хортикултурно ќе го уредат овој просторот со цветни аранжмани и мини четинари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.