Свет

Хоспитализирана Индијката која 14 години штрајкува со глад

Хоспитализирана Индијката која 14 години штрајкува со глад

Иро Шармила, е индијска активистка за човекови права која неодамна е пуштена од затвор во кој скоро 14 години штрајкувала со глас и била присилно хранета. Иро денеска е префрлена во блоница, соопштуваат во Њу Делхи.

Индијката е префрлена во болница за да се надгледува нејзината здравствена состојба, изјави активистот Бал Лојтонгбам.

Четириесет и две годишната Иро не јадела цврста храна од ноември 2000 година, и штрајкува со глад во знак на протест поради индијскиот закон со кој на војниците им се дозволува убивање без кривично гонење и апсење на екстремисти без налог во индискиот дел Кашмир и делови на североистокот на земјата.

Таа е веднаш осудена за обид за самоубиство, што е кривично дело во Индија. За време на својот престој во затворот Иро поголемиот дел од времето била во болница, каде, по налог на власта добивала храна по пат на цевче преку носот.