Хотелот на Заеви собирно место во Струмица за протестот на СОНК

176

Хотелот „Тивериопол“, кој во јавноста важи дека е во сопственост на семејството Заеви, било собирно место во Струмица за протестот на СОНК, кој денеска се одржа пред Министерството за образование во Скопје.

Се потврдија пишувањатa на медиумите, дека раковдството на СОНК дало насока со организиран превоз лицата да се носат на протестот пред Министерството за образование и истите да добиваат сендвичи и сокови, со цел да се прикаже што е можно поглема масовност.

Според информациите, во Струмица пред хотелот „Тивериопол“ се забележувале лица со списоци кои ги пребројувале присутните, како и луѓе блиски до СДСМ и нивни членови кои собирале луѓе и телефонирале за што е можно поголема масовност.

Исто така, било забележано и дека во автобусите биле внесувани сокови и сендвичи, информација која во медиумите прoструи уште во вторникот кога беше објавено дека донесена е одлука СОНК да протестира со сокови и сендвичи, студенти и пензионери.

За денешниот протест на СОНК претходеа информации дека студенти и пензионери добиваат покани да штрајкуваат во име на синдикатот, за да се наполнат автобусите и да се добие масовност. СОНК притискаше да се излезе на штрајк, што отвора простор за сомнеж дека штрајкот беше организиран поради сосема други причини и се поставува прашањето за кого и за чии интереси штрајкуваше СОНК?

Протестот на СОНК не наиде на голем интерес ниту кај самите членови на синдикатот. Повеќе професори вчера информира дека на состанокот на СОНК од вкупно 21 претседател на синдикални организации, присуствувале само 5. Поради недостатокот на кворум, присутните не можеле да донесат официјална одлука, односно констатирале дека нема заинтересирани за денешниот протест. Незаинтересираноста за протестот се докажа и денеска на терен, каде присуствуваа околу 400 лица, а истиот заврши само за 10 минути.

Дополнително, протестот го поддржаа и левичарското движење „Солидарност – Ленка“ и Македонски образовен форум. Со поддршка од овие организации, кои финансиски се поддржани од Фондацијата Институт отворено општество се потврдуваат сомневањата дека се вмешувањето на СОНК е со обид да се политизира актуелната ситуација на Економскиот факултет во Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.