Хотелот „Скопје Мериот“ ги отвори вратите за гости (ФОТО)

Хотелот „Скопје Мериот“ ги отвори вратите за гости
Хотелот „Скопје Мериот“ ги отвори вратите за гости

Хотелот „Скопје Мериот“ лоциран на плоштадот Македонија, од денеска е и официјално отворен за гости.

Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони евра, чија реализација траеше шест години. Моментно вработува 97 лица, а бројката се очекува да достигне вкупно 150.

Хотелот е прв од ланецот „Мериот“ на Балканот и е изграден согласно препознатливите стандарди.

Како што беше речено на денешната презентација за новинарите кои имаа можност да прошетаат низ објектот и да ги видат капацитетите со кои располага, собите, апартманите, вклучувјаќи го и луксузниот, претседателски, Македонија доби хотел со кој може да се гордее и со кој влегува во светската хотелска мапа.

– Многу труд, љубов и финансии се вложени во овој проект. Денес, по многуте непроспиени ноќи, горди сме на она што го постигнавме. Добивме хотел со кој ќе се гордееме и со кој Македонија влегува во светската хотелска мапа. Нудиме врвни услуги, сосема поинакви содржини и концепти, Александар Ивановски, генерален менаџер на Develop Group, инвеститор на Skopje Marriott.

Хотелот, додаде Ивановски, е комбинација на традиционална архитектура и модерен внатрешен дизајн. Покрај ултра модерните гостински соби, вкупно 164, различните апартмани, од оние за деца до најлуксузните, нуди и флексибилни и стилски простории за состаноци, посебни сали за настани, ресторан со дистрикт бар и кујна како спој на различните култури, спа центар, фитнес сала,…

Претставниците на ланецот „Мериот“ кои присуствуваа на презентацијата нагласија дека хотелот во Скопје е еден од најсовремените во светот и во него е инкорпориран најновиот дизајнерски концепт, почнувајќи од изгледот на собите до вкупните услуги. Сите технички аспекти се по американски стандард карактеристичен за „Мериот“, особено  безбедноста и противпожарната заштита.

Првите гости веќе пристигнаа. Сите се странци од Германија, Холандија,…

Ланецот „Мериот“ моментно брои 500 хотели и ресорти во речиси 60 земји низ светот. Мотото на компанијата е обезбедување брилијантно патување за следните генерации преку трансформација за мобилните и глобални патници кои сакаат да ги спојат работата и забавата.

Skopje Marriott (4) Skopje Marriott (5) Skopje Marriott (8)

Skopje Marriott (9)

Skopje Marriott (10)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.