Ховит: Направете прогрес во политичкиот дијалог, во договорот со Бугарија и во слободата на изразување

„Суштинско е да се направи најголем можен прогрес во имплементација на препораките на парламентарната комисија, со постигнување на политички дијалог меѓу партиите“, изјави Ховит.

Тој потенцираше и дека е загрижен за притисокот што државните институции го прават врз општина Центар, бидејќи, како што објасни, квалитетот на демократојата се гледа и во тоа општината да може да фунционира, иако таму е на фунција е друга политичка партија.

Втората препорака се однесува на односите со соседна Бугарија, а третата се однесува на слобода на говорот. За случајот Кежаровски изјави:

„Загрижен сум дека овој и некои други случаи може да имаат комулативен ефект, а тоа е да се создаде страв меѓу новинарите, уредниците, сопствениците, со што ќе се рестриктира истражувачкото новинарство и ќе се воведе самоцензура“, изјави Ховит.

На прес-конференцијата новинарите побараа од него отворено да каже кои се двете држави кои посериозно ја кочат Македонија во евроатланските аспирации, тој тоа не го стори, но потенцираше дека е опасно да се мисли дека се само две држави.