Ховит: Очекувам изборите на 11 декември да се одржат

 Европратеникот Ричард Ховит кој деновиве е во проштална посета на Македонија, денеска изјави дека очекува изборите закажани за 11 декември да се одржат, а граѓаните да имаат соодветни услови за избор.

Според Ховит, Според Ховит, изборите на 11 декември ќе бидат од круцијална важност за иднината на земјата.

Во однос на точниот датум на изборите, тој со став дека е тоа избор на македонските политичари.

– ЕУ не е волна да зборува за датумот на избори бидејќи тоа е избор на македонските политичари и на домашната политика, но на датумот на изборите никогаш не треба да се гледа одделно од квалитетот на условите обезбедени за изборниот процес, рече Ховит во изјавата за медиумите во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Тој притоа додаде дека не е на страната на оние политички партии кои се подготвени да ги одложат изборите за да бидат сигурни во својата победа.

– ЕУ, ОБСЕ и други меѓународни набљудувачи ќе бидат присутни тука за изборите и за време на изборниот период и ќе набљудуваат што се случува. Се надеваме дека нивното присуство ќе даде доверба на населението во Македонија дека може да направи реален избор, рече Ховит.

Тој упати порака дека има континуитет во Европската унија во однос на ангажирањето во Македонија. Изрази задоволство од вклучувањето препораки на невладини организации во предизборниот процес.

Ховит побара и поддршка за работата на СЈО и оцени дека и покрај правото на пратениците да зборуваат и критикуваат не треба да ја омаловажуваат Катиза Јанева и нејзиниот тим.

Запрашан во однос на есенскиот извештај за напредокот на Македонија, Ховит рече дека очекува тој да биде навремено објавен во ноември, но со внимателно избран вординг и секако условена препорака