Ховит: Започнување на преговoри со ЕУ без понатамошно одлагање

Ховит од Македонија бара да направи се’ што може за напредок во аспирациите за европска интеграција.

Започнување на преговри со ЕУ без понатамошно одлагање е непроменетиот став на известувачот за Р.Македонија во Европскиот Парламент,  Ричард Ховит.

„Оваа  позиција останува цврста и непроменета и во текот на грчкото преседавање со Европскиот совет“, изјави Ховит непосредно пред започнувањето на на расправата за предлог резолуцијата од страна на комисијата за надворешни работи во ЕП, а по забелешката дека  во последниот предлог тој го смирува тонот  во барањето Македонија да ги започне преговорите, а спорот со името да го решава во првата фаза од преговорите.

Инаку во тек е расправата на која на место  најавените  170-те амадмани,  европските парламентарции расправаат за 17 компромисни амандмани предложени од Ховит.

Во компромисните амандани што денеска ги понуди известувачот Ричард Ховит, придавката „македонски” се враќа во однос на „македонските граѓани“,  но се појавуваат и низа нови предлози од страна на британскиот пратеник кој можат да се протолкуваат и како прогрчи и пробугарски ставови. Како на пример: Во третиот компромисен амандман, од предлог-резолуцијата, се наведува дека „во согласност со ЕУ-процедурите, новите членки ќе бидат примени само кога тие ќе ги исполнат сите барања”, а притоа се споменува и исполнување на Копенхашки критериуми што е всушност грчкото објаснување зошто Македонија не почнува преговори, а не блокадата поради името.

Во шестиот пак компромисен амандман, Ховит ја минимализира вредноста на  пресудата на Меѓународниот суд на правдата и Времената спогодба, вели дека  раководството на земјата и на ЕУ постојано да и објаснуваат на јавноста за придобивките од решението за името пред истото да го стават на референдум.

„Како последен амандман кој загрижува е проментиот став на известувачот Ховит од минатата година во кој изразува загриженост дека се помалку Албанци го изучувале македонскиот јазик. Од тие причини тој ја истакнува важноста на промовирање инклузивно двојазично образование  во општините каде немнозинските заедници треба да се здобијат со уставно право да го користат својот јазик во јавните живот и официјални акти.

Инаку гласањето за предлог резолуцијата од страна на афет ќе се одржи утре, додека усвојувањето на резолуцијата ќе биде на почетокот на февруари.