Храна ќе се служи на бензинските 24/7

До Собранитето на Република Македонија се доставени измените во Законот за угостителство, направени на барање на угостителите и сопствениците на бензинските пумпи, кои имаат објекти на магистралните патни правци, информираше денеска заменик министерот за економија Христијан Делев, при денешната посета на Штип.

„Тие до сега беа регулирани да работат 24 часа, само во делот на точење бензин и некои основни продукти кои што се продаваа на самите бензински. Сега се градат нови модерни бензински станици каде освен овие основни продукти се служи и храна и сопствениците бараат да се работи 24 часа, посебно во делот на угостителството, каде може да се сервираат и некои оброци“, изјави Делев.

Подвлече и дека Владата ја увиде потребата на сопствениците на бензинските станици и реши да им излезе во пресрет.