четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 31

Храна која го намалува стресот, но и струкот

malini

Последни вести

Кога сме под стрес обично прво што ни доаѓа на ум е сладолед или пијалок, но секако не нешто во стилот на зелена салата без дресинг.

Но, колку и да изгледа примамливо порцијата со масен и солен помфрит, постои подобар избор, кој ќе ви помогне во намалувањето на чувството на нервоза, а притоа нема лошо да влијае на вашата линија.

Еве неколку состојки кои истовремено ќе го намалат стресот, но и вашиот струк.

Авокадо

Преполно со витамин Б, како и масти и влакна. Прави да останете сити долго време.

Чоколадно млеко

Ви се јаде нешто слатко? Одберете го омилениот напиток од вашето детство – чоколадно млеко. Содржи калиум, кој помага да се ублажат мускулните грчеви, што е особено корисно ако се носите со физички стрес. Само водете сметка тоа да биде напиток со малку масти, а во уште подобра варијанта направете сами домашна мешавина со немасно млеко, органско какао и малку кафен шеќер.

Овесна каша

Преполна со влакна од кои ќе бидете сити, а набрзина ќе ви се подигне и нивото на енергија. Овесната каша го поттикнува нивото на серотин, таканаречениот хормон на среќата. Направете каша со немасно млеко, а зачинете го со мед или бадемов путер, за што поубав вкус и хранливи состојки.

Малини

Овошјето е најдобар начин да ја задоволите потребата за слатко, а малините се особено добар избор бидејќи се преполни со антиоксиданси кои го намалуваат стресот, како и витаминот Ц кој го зајакнува имунитетот. Ако се запрашувате што би било идеално да појадувате, одличен предлог се малините помешани со грчки јогурт со ниска масленост.

Најчитани вести