Македонија

Се зајакнува контролата на храната која се увезува во земјава

Се зајакнува контролата на храната која се увезува во земјава
Се зајакнува контролата на храната која се увезува во земјава

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Поповски и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Наташа Радеска Крстевска, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите кои доаѓаат во контакт со храната со крајна цел заштита на економските, трговските, фискалните и општествените интереси на Република Македонија.

Со овој документ се дефинира соработката меѓу двете институции за спречување на влез на небезбедни пратки со храна или храна за животни, нуспроизводи од животинско потекло и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, но и начинот на спроведување на брзи и ефикасни контроли на граничните премини и складови на пратки со вакви производи.

Меморандумот за соработка е основа за олеснување, поедноставување и обезбедување на побрз проток на патници и стоки во патниот, воздушниот и железничкиот сообраќај, како и за создавање на услови за обезбедување на високо ниво на заштита и безбедност на населението, но и за размена на информации кои се однесуваат на безбедноста и квалитетот на храната и на производите кои доаѓаат во контакт со храната.

Со потпишување на Меморандумот, Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство изразуваат волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош, следење, усогласување, оптимизација и изнаоѓање решенија на евентуални проблеми.