Магазин

Оваа храна може да го одложи појавувањето на седи влакна

Оваа храна може да го одложи појавувањето на седи влакна

Оваа храна може да биде ваш сојузник и да ви помогне да го одложите појавувањето на седи влакна.

Дали сте знаеле дека одредени производи може да и помогнат на вашата коса да го задржи пигментот? Имено, појавата на седи влакна не е во целост до генетиката, туку покрај другите факти, може да се должи и на недостатокот на одредени хранливи состојки.

Еве која храна може да го одложи појавувањето на седи влакна.

  1. Зеленчукzelencuk

Збогатете ја вашата трпеза со зеленчук со лисја богат со витамин Б. Здравјето на вашата коса зависи од витамините Б6 и Б12, особено поради производството на црвени крвни клетки што пренесуваат кислород и хранливи материи. Бојата на косата зависи од хормоните, а витаминот б12 е важен фактор за производство на хормони.

  1. Чоколадаcokolada

Бакарот е доста значаен за производство на меланин – главниот извор на бојата на косата. Така недостатокот на бакар може да предизвика појава на седа коса. За да му обезбедите на телото доволно бакар, консумирајте чоколада. Темната чоколада содржи големи количества бакар, а истото може да се каже и за печурките и леќата.

  1. Лосос

Лососот е познат како доста здрав продукт, па затоа не е воопшто чудно што се препорачува за превенција од појавувањето на седи влакна. Селенот што го има во лососот помага во регулирањето на хормоните што се важни за зачувување на пигментот на косата. Селенот исто така е одличен борец против слободните радикали.

  1. Бобинкиborovinki

Бобинките се одличен начин за да ја зголемите количината на Витамин Ц што ја внесувате. Имено, витаминот Ц го поттикнува производството на колаген, што се наоѓа во фоликулите на косата. Покрај тоа, витаминот Ц е одличен сојузник во борбата против слободните радикали, што се поврзуваат со процесите на стареење. Антиоксидативни својства имаат и витаминот А (кој се наоѓа во портокаловото и жолтото овошје) и витаминот Е (се наоѓа во оревите и во мешунките).

  1. Бадеми

Овие вкусни плодови се богати со витамин Е, а содржат и многу бакар. Секогаш имајте ги при рака, па така со помош на овие здрави грицки ќе го задоволите гладот, но и ќе го подмладите организмот.