среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Храна што ќе направи вашата кожа да блеска

lice

Последни вести

Храната е неопходна за нашите тела да растат, да се развиваат и да се лекуваат. Здравата, растителна храна ги содржи сите нутриенти што ни се неопходни за тоа.

Ако не се храниме добро тогаш ги изгладнуваме нашите клетки и не им ги  даваме неопходните средства што им се неопходни за функционирање. Еве неколку продукти што се неопходни за вашата кожа да блеска.

  1. Домати

Ликопенот, состојката што им ја дава на доматите нивната убава боја е можен антиоксиданс што ги елиминира слободните радикали што предизвикуваат стареење на кожата како последица на изложеност на ултравиолетови зраци.

  1. Лубеница

Лубеницата е многу повеќе од овошје што освежува и ја гаси жедта. Богата е со витамините А, Ц и со антиоксиданси, а е неопходна за здравјето на кожата. Големите количества на вода во неа го хидрираат вашето тело и ќе направат вашата кожа да блеска.

Слободните радикали во телото се одговорни за стареењето и за брчките. Лубеницата е богат извор на антиоксиданси како ликопен. Ова ги намалува слободните радикали во телото и ја штити кожата од стареење.

  1. Благ Компир

Благиот компир содржи каретеноиди и витамин Ц што го зголемува производството на колагенот. Колагенот ја контролира цврстината и флексибилноста на кожата.

  1. Портокали

Портокалите, лимоните, лиметата и цитроните се познати како цитрусно овошје. Лимоните се совршен додаток за вашиот режим за убавина, затоа што тие се познати како природен избелувач. Лимоните ја избелуваат и ја осветлуваат кожата и го изедначуваат тонот на кожата, ги намалуваат лузните од акни и од црнки. Исто така, длабински ја чистат кожата, ги отвараат порите и ја чистат нечистотијата.

За убава кожа, пијте топла вода со лимон и со мед наутро на празен стомак. Се смета дека овој пијалак има голем број позитивни ефекти, го намалува црвенилото, ги чисти акните и ќе направи кожата да ви сјае.

  1. Пиперки (Бабури)

Црвените бабури имаат повеќе витамин Ц од портокалот, како и голем број антиоксиданси. Лутите пиперки имаат капсацин, состојка што ја подобрува циркулацијата и го подобрува ослободувањето на токсини од кожата.

  1. Кокосово масло

Ова масло е добро за кожата и однадвор и одвнатре. Ви дава заштита од сонце, ве штити од бактерии и ја омекнува кожата.

Најчитани вести