Свет

Христијани од цел свет за Бадник во Витлеем

Христијани од цел свет за Бадник во Витлеем
Христијани од цел свет за Бадник во Витлеем

Христијански верници од сите делови на светот се собраа денеска во Витлеем по повод одбележувањето на Бадник во местото на Христовото раѓање.

Латинскиот патријарх Фуад Твал ја предводеше процесијата од своето седиште во Ерусалим до Витлеем, минувајќи низ израелската бетонска бариера која го обиколува поголемиот дел од градот.

Израел го изгради овој ѕид пред 10 години со цел да го спречи бранот самоубиствени напади во овој град, а Палестинците тоа го сметаат како одземање на територија и сопирачка за развој на економијата на Витлеем.