Христијански групи повикуваат на бојкот на новиот филм на Анџелина Џоли

Во новиот филм на Анџелина Џоли, таа ја игра главната улога Грдана,  лошата вила од приказната „Заспаната убавица“. Џоли сакала да ја раскаже нејзината приказна и филмот се занимава со тоа, зошто Грдана станала лоша и осветољубива.

Филмот вознемирил некои христијански групи кои ја повикуваат публиката да го бојкотираат филмот.

Имено, костмот во кој Анџелина Џоли ја глуми вештерката Грдана, некои луѓе многу ги потсетува на демонот Бафомет, богот со рогови и симбол на Сатанската црква. Ликот на Грдана е симбол на почетокот на злото во филмот, баш како што е и Сатаната во приказната за почетокот на злото.

Интересно е дека приказната за заспаната убавица и Грдана дури сега добива критики. Имено, костимот кој го носи актерката во филмот е базиран на тој од цртаниот филм „Заспаната убавица“, кој е објавен пред 55 години.

 

joli1