ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција

ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција
ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција

Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ја повика ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција, истакнувајќи дека не постојат гаранции на правата на бегалците во земјата.

Организацијата во своето денешно соопштението посочува дека бегалците во Турција немаат пристап до работа, образование и медицинска нега.

Претставничката на ХРВ, Стефани Ги истакна дека е многу изнадувачки фактот дека многумина не добиваат поддршка која им е потребна за да заработат за живот, со огледна на тоа дека Турција прими над два милиони сириски бегалци.

Договорот меѓу ЕУ и Турција, чија цел е прекин на миграцискиот тек кон Европа и овозможува на Грција да ги враќа во Турција сириските бегалци кои сакаат азил, врз основа на тоа дека таа е „безбедна трета земја“.

„Хјуман рајтс воч“ нагласува дека „безбедна“ земја не треба да означува само заштита од војни и гонење, туку дека треба да вклучува и право на работа, медицинска грижа и образование.