Хрват 18 години држел сограѓанин како роб

Хрватската полиција уапси 62-годишен хрватски граѓанин, осомничен за трговија со луѓе и дека од 1996 до 2014 година експлоатирал сонародник како роб, објави весникот „Јутарњи лист“.

Осомничениот на жртвата не плаќал за завршената работа, му ги одзел документите и го држел во нечовечки лоши услови за живот.

Искористувајќи ја тешката материјална и финансиска состојба на жртвата, обвинетиот го измамил човекот и 18 години го држел во заблуда, дека е вработен во неговата фирма, што всушност повеќе не е активна.

По завршување на истрагата случајот за робство е предаден на обвинителството и осомничениот е уапсен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.