Хрват гореше жив: Со огромна брзина се заби во наплатна рампа

Непрописната брзина со која возел, го чинеше живот.

38-годишен маж загинал во страшна сообраќајна несреќа која во саботата вечерта се случила на наплатна рампа кај Кликовица во Хрватска.

Возач со својата Опел Корса удрил во бетонската рамка на наплатната куќичка по што автомобилот се запалил. Луѓето кои биле во близина со противпожарен апарат притрчале на помош, но не можеле да сторат ништо.

Возачот веќе бил мртов. Очевидци велат дека возел со над 130 километри на час кога се удрил во куќичката и дека воопшто не кочел.

Нема информација во какви околности се случила несреќата.