Хрват нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник!

Синиша Мештриќ од Хрватска на својот „Фејсбук“ профил нуди седумдневен бесплатен одмор во Дубровник за едно семејство.

Сместувањето и трошоците за превозот во двата правци ќе им бидат обезбедени, а одморот би можел да се искористи во септември.

Оваа понуда исклучиво ќе можат да ја искористат семејства со многу тешка имотна состојба, а предност имаат деца со бронхијални проблеми на кои промената на воздухот би им користела за здравствената состојба.

Пријавите и предлозите можат да се испратат во инбокс на фејсбук или на емал  sinisa.mestric@gmail.com. Дали понудата важи само за Хрватска или и за целиот регион не е наведено, но можете да проверите. Во секој случај идејата на Мештиќ е доволна провокација за македонските туристички работници да ја применат неговата иницијатива и тука во Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.