Хрватите изеле два милиони колбаси и десет милиони ќебапи за време на Светското првенство

За време на Светското првенство во фудбал, компанијата ПИК „Врбовец“ продала повеќе од два милиони колбаси.

Ова е повеќе отколку што се продава за Божик, за време на фестивалот „Адвент“, кој трае од крајот на ноември до крајот на декември, кога колбасите се најпопуларни, пишува „Јутарњи лист“.

Според податоците на овој производител на месни производи, за време на последниот адвент се продадени 700 000 колбаси, а за само еден месец од Светското фудбалско првенство Хрватите изеле речиси трипати повеќе колбаси и повеќе од 10 милиони ќебапи.