Хрватите очекуваат поскапувања на производите

Хрватите се во очекување на раст на цените, откако Европската комисија и наложи на Владата во рок од 96 часа да ги скрати буџетските трошоци за уште 1,3 милијарди куни, во спротивно нема да добие ништо.

Според хрватските медиуми, резултатот ќе биде зголемување на акцизите за да биде исполнет ултиматумот на Европската Унија.

Според очекувањата, акцизите на горивото би се зголемиле за 20 липи. Зголемување на акцизите ќе има и кај цигарите но до сега не е прецизирано за колку.

-За да се оствари планираната заштеда недостасуваат уште 900 милиони куни! Затоа би можеле да очекуваме наскоро да плаќаме повисоки цени за струја и гас, а не е исклучено ни поскапување на пивото, млекото, лебот или некои други намирници кои секојдневно ги користиме, пишуваат медиумите.