Хрватите во шок: Новиот мандатар не знае хрватски јазик

Хрватите се во шок по првото обраќање на новиот мандатар, кој очигледно не го знае добро хрватскиот јазик.

 Овде сме да им служиме на хрватските градби – рече Тихомир Орешковиќ во првото обраќање, а мислеше на граѓани.

(„Ovdje smo mi svi da služimo hrvatskom građevinama i da jedini nam cilj je da zajedno radimo tako da je sutra bolje nego danas”)

Луѓе, тој не знае хрватски! Ова е шегување со целиот хрватски народ. Ништо не го разбирам кога зборува. Ова е страшно;

Прекрасен мандатар. Прво треба да го пратиме на курс по хрватски;

Блазе си ни што во Хрватска нема човек да биде премиер. Блазе си ни што во Хрватска ќе имаме премиер кого народот никогаш не го слушнал да зборува за што било.Блазе си ни. Доволно за него зборува што во ваква политичка ситуација одлучи да биде премиер;

Едно е сигурно – ниту ќе го разбереме премиерот, а богами ни тој нас!

komentari

Вакви и слични коментари осамнаа по социјалните мрежи по ова обраќање на Орешковиќ. Некои му изброија дури 30 грешки во првото обраќање. Тој зборува со силен англиски акцент, со оглед на тоа што се школувал и долго време работел во Канада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.