Хрватска „АгроФруктис група“ нов сопственик на три македонски фирми

Хрватската „АгроФруктис група“ денеска соопшти дека ги преземала фирмите „ВАНТ“ дооел, Струмица, „Еуро-агрија“, Ново Село и „ВБА ФУТУРА“ дооел, Струмица, кои годишно откупуваат околу 20 илјади тони свежо овопје и зеленчук, со пазарна вредност од околу 6,5 милиони евра.

„АгроФруктис група“ е сопственик на најголемиот и најмодерниот откупно-дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук на подрачјето на Македонија.

– Со оваа аквизиција ќе ја зајакнеме нашата позиција на набавниот пазар и дополнително ќе ги пополниме капацитетите со проширување на сировинската база. Очекуваниот ефект е зголемување на обемот на производство, а исто така и ширење на нови пазари, рече претседателот на Управата на „Агрофруктис група“ Денис Матијевиќ.

Во наредниот период, како што е наведено во соопштението, најавуваат дека планираат да продолжат со активности насочени на натамошна концентрација на работа со свежо и конзервирано овошје и зеленчук преку органски раст, нови аквизиции и грин филд инвестиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.