Хрватска делегација ја прекина посетата на Белград

Претседателот на хрватското собрание, Гордан Јандроковиќ и неговата делегаија ја прекинаа посетата на Србија, откако радикалот Воислав Шешељ го газеше знамето на Хрватска, денеска во Белград.

Инцидентот се случи во Собранието на Србија, кога прво Шешељ упатил пцости кон хрватската делегација, која престојува во дводневна посета на Србија, а потоа го газел и хрватското државно знаме, откако се обидел и да го запали. Претставниците на Хрватска тогаш ја откажаа средбата со српската министерка за евроинтеграции и се повлекоа во зградата на хрватската амбасада во Белград.

По консултации со премиерот Анредеја Пленковиќм делегацијата одлучила да ја прекине посетата и да се врати во Загреб.

Наспроти многу добриот почеток на службената посета и определеноста да направиме се најдобро за унпредување на односите меѓу двете држави, поради овој чин, со кој е грубо повредено достоинството на република Хрватска и хрватското собрание, ја прекинавме посетата, се наведува во соопштението на хрватската делегација.

Посетата на Јандроковиќ е прва официјална посета на претседателот на хрватскиот Сабор на Република Србија. Инцидентот го осуди претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ.

Искажаното непочитување кон државните симболи на Република Хрватска, чија делегација на чело со претседателот на Саборот Горан Јандроковиќ се наоѓа во прва историска посета на Србија, е недозволливо и претставува навреда и за српскиот народ кој се одликува со традиција на гостопримство, наведе Гојковиќ.