Хрватска: Девојка исчезна откако падна во река

Осумнаесетгодишна девојка се води како исчезната откако заедно со дваесетгодишно момче вчера вечерта паднала во реката Орљава во Пожега, Хрватска.

Како што јавуваат локалните медиуми, момчето и девојката најверојатно шетале во близина на браната. Нема информации како се нашле во водите на надојдената река. Момчето успеало да исплива и веднаш повикало помош. Спасувачите пристигнале многу брзо, но не успеале да ја најдат девојката.

Втор ден спасувачите трагаат по 18 годишната девојка.