Хрватска ги изнела своите најважни аргументи против Србија

Во Меѓународниот суд на правдата е завршен првиот ден на усната расправа во спорот меѓу Србија и Хрватска по взаемните тужби за геноцид на подрачјето на Хрватска од 1991-ва до 1995-та година на која претставниците на хрватскиот правен тим кои ги претставиле своите најважни аргументи во прилог на тврдењата дека Србија извршила геноцид.

Расправата ќе продолжи утре со испитување на сведоци кои ги предложи Хрватска, а Србија аргументите од својата контратужба ќе ја претстави на 10-ти март, а потоа ќе повика и свои сведоци.

Хрватска на втори јули 1999-та година поднела постапка против тогашната СРЈ поради наводно кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторствата од геноцид во текот на оружените судири на територијата на таа земја од 1991-ва до 1995-та година. Десет години подоцна одговорила на контратужбата поради кршење на истата конвенција.